МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
МВР е подготвено да обезбеди безбедна атмосфера за време на гласањето, тврди Спасовск..
Филипче: Процентот на вакцинирани деца уште е мал, особено надвор од Скопје
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Шоубиз
Ѕвездата на „Game of Thrones“ Емилија Кларк раскажува дека правела операции на мозокот во период меѓу двете сезони од серијата

Ѕвездата на „Game of Thrones“ Емилија Кларк раскажува дека правела операции на мозокот во период меѓу двете сезони од серијата

сабота, 23 март 2019, 10:43ч.   |   L.E.

 „Секој миг, секој ден, мислев дека ќе умрам“, откри актерката Емилија Кларк во текст за списанието The New Yorker.

Ѕвездата на „Game of Thrones“ раскажува дека меѓу две сезони на популарната ТВ-серија правела операции на мозокот поради кои стравувала за сопствениот живот.

Во текстот за The New Yorker насловен „Битката за мојот живот“, Кларк за прв пат кажува дека имала две аневризми – проширувања на крвните садови што може да пукнат и да резултираат со смрт.

Поради тоа направила две операции по кои ѝ се јавиле ужасна анксиозност и напади на паника и мислела дека ќе умре.

Актерката, која го игра ликот на Денерис Таргарјен, истакнува дека во меѓувреме целосно закрепнала, дури и „подобро од очекувањата“. Денерис е еден од најмоќните ликови во серијата и претставува инспирација за многу луѓе ширум светот.

Кларк ја добила првата аневризма во 2011 година. Била откриена откако се онесвестила додека вежбала. Докторите ѝ дијагностицирале крварење во мозокот предизвикано од пукање на аневризма, компликација од која умират една третина од пациентите.

По операцијата настапила состојба на привремено губење на способноста за комуникација и Кларк стравувала дека кариерата ѝ е завршена.


„Во најлошите мигови сакав да ставам крај на сѐ. Ги прашував лекарите дали може да ми дозволат да умрам“, окрива Кларк.

Закрепнала доволно за да може да ја сними втората сезона на серијата, но вели дека тој период ѝ бил многу тежок.

„Често бев замаена и толку немоќна што мислев дека ќе умрам“, истакнува таа.

Потоа во 2013 повторно правела операција на мозокот поради нова аневризма, на другата страна на мозокот.

Таа операција била многу потешка бидејќи морало да ѝ го отворат черепот.

„Изгледав како да сум поминала низ војна, многу поужасна од сѐ низ кое помина Денерис“, вели Кларк.

Актерката вели дека сега е целосно оздравена и дека учествува во основањето на хуманитарна организација за помош на луѓе со повреди на мозокот.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Ми ставија нож под грло да се појавам во спот: Владо Jаневски го прекрши правилото
Прва слика на водителката откако автобусот и ја „иcкopна“ раката!
Нова трагедија во семејството Шаулиќ: По смртта на Шабан семејството повторно завиено во црно
Наташа Беквалац: Ми беше љубов 18 години, заспа и повеќе не се разбуди
Теа Трајковска се соблече топлес (Фото)
Телото на починатата Беличанец го пронашол сопругот во неговиот стан
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.