МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Здравје
Како да уживате во благото, а никогаш да не се здебелите

Како да уживате во благото, а никогаш да не се здебелите

сабота, 23 март 2019, 10:31ч.   |   L.E.

 Одлуката да се отфрли шеќерот е многу тешко, и овој чекор често се одложува, што доведува до здравствени и естетски проблеми.

 

Она што е важно да се знае е дека не е добро целосно да го запрете внесувањето на шекери во организмот, едноставно заменете го со здрави и корисни шекери. Често не ни знаеме каде и во што се наоѓа шекерот, а ние го поврзуваме само со чоколадо и слатки.

Наместо рафиниран шеќер кој го има во речиси сите чоколади, слатки и газирани пијалаци, треба да се јаде храна која е подеднакво слатка и сочна, но која е поздрава за организмот. Шеќерите се наоѓаат во разни намирници, некои се здрави, а некои не се, важно е да ја конзумирате вистинската храна само кога ќе ви се појави потреба.

Овошјето и зеленчукот се најдобра замена, а во овој период од годината имаме пристап до различни вкусни плодови кои може да се конзумираат на различни начини.

Урми: урмите покрај тоа што се многу вкусни и здрави, 100 грама урми содржат околу 60 грама шеќер, кој целосно се користи и нема страв од добивање на нови килограми. Поради големи количини на шеќер кои што го содржат, тие се одличен засладувач за различни пијалоци и смути, а одлични се и за во овесна каша.

Малини: како и урмите, малините се одличен додаток на многу јадења.. Содржи многу малку калории, но содржи шеќер кој ќе ја изгасне желбата за нездрави закуски.

Кокос: кокосот можете да го конзумирате во разни форми, свеж, и како шеќер и како брашно, и никогаш нема да направите грешка! Уште една намирница која ќе ја комбинирате со другите состојки и која ќе ви ги оттргне вашите мисли од лошите навики.

Јаболки: едно јаболко содржи околу 15 грама шеќер, и иако е монотоно да јадате само јаболки, секогаш можете да помешате со шлаг без шеќер.

Јагоди: кога сме кај шлагот, важно е да се спомене дека јагодите имаат околу 5 грама шеќер колку што има и морковот, а во топлите денови се многу освежувачки.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Ако ви се заглави коска од риба во грлото, веднаш направете го ова
Грешки кои ги правите со витамините, а за кои не сте ни свесни
Први симптоми за рак на дебело црево
Најдобар детокс на организмот: Го отстранува салото од стомакот и чисти од сите токсини!
Нов магичен коктел за диета: Со само 4 состојки до совршена тежина
Симптоми кои покажуваат дека телото ви е полно со токсини
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.