МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
МВР е подготвено да обезбеди безбедна атмосфера за време на гласањето, тврди Спасовск..
Филипче: Процентот на вакцинирани деца уште е мал, особено надвор од Скопје
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Шоубиз
Морган Фриман: Имам милиони во банка, но здравјето не можам да го купам

Морган Фриман: Имам милиони во банка, но здравјето не можам да го купам

петок, 22 март 2019, 12:37ч.   |   L.E.

 Холивудскиот актер Морган Фриман напишал текст за научно документарната серија Through the Wormhole. Актерот во напишаното вели дека кога би можел некои работи би ги променил од корен и би почнал одново.

„Имам 86 години и за жал веќе со едната нога сум во гроб. Имам милиони во банка, но здравјето не можам да го купам. Имам семејство и милиони фанови ширум светот, но на смртната постела никој не ми дојде. Ни моите деца, ни мојата жена, ни мојот брат не дојдоа кога ми беше лошо. Го живеев својот живот погрешно и не сакам на никој тоа да му се случи“, напишал Фриман.

Актерот вели дека секој од нас може да ја промени својата иднина. Жали само што тоа не можел да го разбере додека бил млад. Фриман вели дека парите се зло, тие се оние кои го расипуваат човекот.

„Парите се зло, а злото е бескрајна, бездушна и опсесивна потрага по купче злато кое на крајот не постои. Злото го освојува вашето срце и душа во замена за финансиски успех, кој сакате да го постигнете по секоја цена“, пишува Фриман.

Актерот пишува дека сакал да се најде во ситуација кога би изгубил сè. Во тој случај би бил опуштен. Вели дека посакал сите пари кои ги имал да исчезнаат низ неговите прстите како песок. Тогаш ќе може да ги види сите оние луѓе покрај него кои ги сметал за семејство и пријатели.

„Вашата голема потреба да имате сè, да имате повеќе ви го има замаглено видот така што не ја имате видено вистинската цел во вашиот живот.Ако сте сега фрустрирани што покрај себе немате ни пари, ни пријатели, ни семејство, тогаш тоа е супер. Сега е вистинското време за промени“, пишува Фриман.

„Не велам дека е потребно да ја напуштите работата и да живеете на улица, само велам дека нема потреба да се стремите кон нешто повеќе“, пишува Фриман.

Актерот вели дека потребно е во животот да дојдете до точка кога треба да си простите на себе си и сите оние луѓе кои ве повредиле. Потребно е да си ги одредите приоритетите во животот. Да го сочувате бракот и да почнете да ја сакате својата друга половина.

„Родител за пример можете да станете и во седумдесетите и во осумдесетите години, но никогаш не можете да заработите уште неколку години живот. Ќе дојде ден кога ќе починете. Сите умираат. Важно е да знаете како сакате да ве памети овој свет?“, пишува Фриман.

„Само мал број на луѓе го живеат вистинскиот живот. Сите ние сме создадени за големи работи, а не само за да заработуваме пари. Љубовта и добрината се оружје со кое ние располагаме. Со тоа можеме многу да постигнеме“, смета Фриман.

Морган Фриман вели поттикот за да го напише овој текст е желбата да ги мотивира луѓето да се променат./Reporter.mk.

© ЖУРНАЛ    ~54,18

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Ми ставија нож под грло да се појавам во спот: Владо Jаневски го прекрши правилото
Прва слика на водителката откако автобусот и ја „иcкopна“ раката!
Нова трагедија во семејството Шаулиќ: По смртта на Шабан семејството повторно завиено во црно
Наташа Беквалац: Ми беше љубов 18 години, заспа и повеќе не се разбуди
Теа Трајковска се соблече топлес (Фото)
Телото на починатата Беличанец го пронашол сопругот во неговиот стан
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.