МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска победи во 47 општини, СДСМ и коалицијата од 30 партии се пораз..
ЕУ повикува на излезност во вториот круг од изборите
Изборите добро спроведени, сé уште се потребни реформи на изборното законодавств..
Шоубиз
Барав да ме исклучат од апаратите – Емилија Кларк откри дека имала две операции на мозокот

Барав да ме исклучат од апаратите – Емилија Кларк откри дека имала две операции на мозокот

петок, 22 март 2019, 12:35ч.   |   L.E.

Емилија Кларк, ѕвездата на „Игра на тронови“, откри дека била подложена на операција на мозокот меѓу две сезони од серијата, откако претрпила две аневризми опасни по живот.

Триесет и двегодишната британска актерка имала две операции, што, како што кажа, ѝ предизвикало ужасни напади на паника и вознемиреност.

„Мислев дека ќе умрам, но заздравив над сите неразумни надежи“, вели Кларк во колумната за „Њујоркер“.

Таа првпат доживеала аневризма во 2011 година, колабирајќи во тоалет во „огромни, пробивни болки“. Лекарите утврдиле дека имала субарахноиден мозочен удар, од кој две третини луѓе умираат моментално или по кратко време. По операцијата ѝ се појавила состојба наречена афазија, од која не можела да комуницира.

„Во моите најтешки моменти посакав да ме исклучат од апаратите. Им реков на лекарите да ми дозволат да умрам“, изјави Кларк.

Втората операција ја имала во 2013, но на другата страна од мозокот.

„По операцијата изгледав како да сум поминала низ војна каква што Денерис никогаш не искусила“, се пошегува Кларк.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Ми ставија нож под грло да се појавам во спот: Владо Jаневски го прекрши правилото
Прва слика на водителката откако автобусот и ја „иcкopна“ раката!
Нова трагедија во семејството Шаулиќ: По смртта на Шабан семејството повторно завиено во црно
Наташа Беквалац: Ми беше љубов 18 години, заспа и повеќе не се разбуди
Теа Трајковска се соблече топлес (Фото)
Телото на починатата Беличанец го пронашол сопругот во неговиот стан
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.