МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Филипче: Процентот на вакцинирани деца уште е мал, особено надвор од Скопје
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Заев: Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да го послушаат Мицкоски за бојкот и ..
Шоубиз
Северина ги откажува концертите, а ги обвинува организаторите, еве што ѝ порачаа збеснатите фанови

Северина ги откажува концертите, а ги обвинува организаторите, еве што ѝ порачаа збеснатите фанови

петок, 22 март 2019, 12:29ч.   |   L.E.

 Хрватската пејачка Северина Којиќ ги разочара обожавателите со откажување на концертот во Доња Стубица на 8 март поради, наводно, технички и организациски околности, пренесува порталот „Свет.рс“.

Пејачката сега откажа уште еден закажан концерт, обраќајќи им се на обожавателите на социјалните мрежи и соопштвајќи им ја веста за откажувањето.
Северина со овој потег ги разочара фановите кои сметаа дека по првобитно откажаниот настап ќе успеат да се забавуваат на следниот, пишува „24сата. хр“.

– Мили мои, иако многу ме радуваше договорениот концерт, поради проблемите настанати помеѓу организаторите кои го договараа, за жал, морам да ве информирам дека истиот е откажан. Верувам дека, сепак, брзо ќе се видиме во некоја друга прилика“, се обидела Северина да се оправда на Фејсбук.

Поп-пејачката вторпат ги разочара обожавателите кои се надеваа дека овојпат пејачката ќе ги испочитува и дека ќе настапи како што е договорено.
„А, што е со купените влезници? Навистина, ова е безобразие!“, Двапати се радуваш, очекуваш, планираш и потоа се разочаруваш“, порачаа дел од разочараните обожаватели што планирале да дојдат на нејзиниот концерт.
„Иако сакам да ве слушам, морам да признаам дека покрај разочарувањето сум малку и лута. Купивме карти за концертот во Стубица кој е одложен поради „технички“ причини и е поместен за овој, па со нетрпение се радувавме на овој концерт со одложување од месец и пол и пак, ни овој нема да се одржи. Не е баш професионално“, гласи друг коментар на оваа објава на Северина.

Следувале и коментарите: „Никогаш повеќе нема да одам на концерт на Северина“, „И да ми подарат карта за концерт на Северина нема да одам“, итн…

Пејачката, неодамна, ја прекина 17-годишната соработка со менаџерот Томица Петровиќ, па стапи во контакт со Душан Јунгер и почна преговори со него.

– Ние имаме соработувано во минатото. Ми се јави, но ништо конкретно не договоривме. Разговаравме да се сретнеме и да видиме какви се можностите и барањата за потенцијална соработка – изјавил Јунгер.

Според шпекулациите на медиумите во регионот, новиот менаџер на Северина е нејзиниот сопруг Игор Којиќ.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Ми ставија нож под грло да се појавам во спот: Владо Jаневски го прекрши правилото
Прва слика на водителката откако автобусот и ја „иcкopна“ раката!
Нова трагедија во семејството Шаулиќ: По смртта на Шабан семејството повторно завиено во црно
Наташа Беквалац: Ми беше љубов 18 години, заспа и повеќе не се разбуди
Теа Трајковска се соблече топлес (Фото)
Телото на починатата Беличанец го пронашол сопругот во неговиот стан
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.