МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Економија
Во февруари раст на кредитирањето, поголемо кај корпоративниот сектор

Во февруари раст на кредитирањето, поголемо кај корпоративниот сектор

петок, 22 март 2019, 12:24ч.   |   L.E.

Скопје, 22 март- Вкупните депозити во февруари остварија месечно и годишно зголемување од 1,1 отсто, односно 10,3 отсто, при раст на депозитите кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства, објави Народната банка.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во февруари 2019 година, имаат раст од 0,8 отсто на месечна основа, главно под влијание на депозитните пари и на депозитите во странска валута и долгорочните денарски депозити, во услови на евидентиран пад кај краткорочните депозити во денари.

Стапката на годишен раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 9,5 отсто и во најголем дел, како што се наведува, се објаснува со зголемувањето на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута и во денари.

Во февруари, вкупните депозити на домаќинствата се зголемија за 0,8 отсто на месечно ниво, во најголем дел под влијание на растот на депозитните пари (79,9 отсто). Годишниот раст изнесува 8,8 отсто и во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, во услови на раст, но поумерен, и на долгорочните депозити во денари и во странска валута.

По вообичаеното намалување во јануари, вкупните кредити бележат месечен раст, што главно произлегува од зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор.

По месечното намалување во јануари, вкупните кредити во февруари се зголемени за 0,6 отсто, што главно произлегува од зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор со учество во вкупниот кредитен раст од 77,2 отсто. Споредено на годишно ниво, растот на кредитите од 8,2 отсто се должи на зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“ и на корпоративниот сектор, со поголем придонес на секторот „домаќинства“ со учество од 56,5 отсто.
Кај вкупните кредити на домаќинствата, во февруари, е забележан раст од 0,3 отсто на месечна основа, што во целост се објаснува со зголемените кредити во денари. Гледано на годишна основа, вкупните кредити на домаќинствата остварија раст од 9,6 отсто. Годишниот раст во најголем дел се должи на денарските кредити со учество од 70,7 отсто.

Во февруари, според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапената категорија ‒потрошувачките кредити, месечната стапка на раст изнесува 1,0 отсто, а на годишна основа оваа категорија бележи раст од 11 отсто.

Забавен раст е забележан кај станбените кредити со остварена месечна и годишна стапка на раст од 0,3 отсто, односно 13,6 отсто, додека кај автомобилските кредити е евидентирана надолна месечна и годишна промена од 0,9 отсто и 1,1 отсто, соодветно.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
РКЕ: Либерализацијата на пазарот во овој момент ќе значи зголемување на цените на нафтата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Потпишани првите договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари
Трошоците на живот во февруари на исто ниво како јануари
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.