МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Култура
Премиера на претставата „Демократија“ во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

Премиера на претставата „Демократија“ во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

петок, 22 март 2019, 12:17ч.   |   L.E.

 Претставата „Демократија“ од рускиот поет, нобеловец и добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Јосиф Бродски, синоќа беше премиерно изведена во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, во режија на Кирил Петрески.

Текстот од Бродски е македонска праизведба, пишуван е во бурната 1989 година, во време на рушење на Берлинскиот ѕид, обединувањето на Германија, распаѓањето на Варшавскиот Пакт и почетокот на распадот на Советскиот Сојуз.

„Демократија“ е политичка гротеска за една измислена земја, за едни измислени ликови, но за реални проблеми кои што се совпаѓаат со проблемите на повеќето земји од Источна Европа или Западен Балкан.

Претставата духовито и умешно го прикажува неочекуваното воведување на демократија во една мала социјалистичка држава.

Во претставата играат Марјан Чакмакоски, Димитар Ѓеоргиевски, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски, Димитрина Мицкоска, како и младите Давид Папазоски и Теодора Трајческа. Сценографијата е на Зоран Николовски, автор на музиката е Марјан Неќак, а на костимите Розе Трајчевска.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Отворен павилјонот на Северна Македонија на годинашното Биенале во Венеција
Изведба на четири монодрами пред утрешното завршување на „Битола 2019“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.