МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Фетаи: СЈО ја книжи злоупотребата на Камчев со шетањето во Германија
Димитров во ФАЦ: Признајте го нашиот успех!
Авто
Премиера на Porsche Cayenne Coupe ултра спортски SUV (Видео)

Премиера на Porsche Cayenne Coupe ултра спортски SUV (Видео)

петок, 22 март 2019, 11:47ч.   |   L.E.

 Луксузниот SUV од Цуфенхаузен доби уште една динамична верзија, Lamborghini Urus добива многу остар ривал во uber клласата на супер спортски crossover модели…
Porsche го проширува своето Cayenne семејство: Третата генерација на успешната серија SUV модели се надградува со Cayenne Coupé за уште едно возило со дополнително спортски изглед.

 

Изведбата Coupé ги опфаќа сите технички новитети на актуелниот Cayenne, но со динамичниот дизајн и новите технички детали се поставува со по прогресивна, дополнително атлетски и емоционален настап, вели Оливер Блум (Oliver Blume), претседател на извршниот одбор на компанијата Porsche AG. Помеѓу истакнатите новини кај новата изведба на Cayenne, се и поострите линии со потполно самостоен заден дел, адаптивен заден спојлер, задна клупа со карактеристики на две издвоени седишта и два различна концепта на покрив – сериски панорамски покрив со фиксно стакло и карбонски покрив како опција.

 

Динамичните пропорции и специфичните дизајнерски елементи се одговорни за единствената елеганција на Cayenne Coupé.

 

„Значително покосиот и со пад кон назад линија на покривот на Coupé варијантата на Cayenne потпишува уште подинамична става и по однос на изгледот се етаблира како најспортски модел во сегментот“, вели Михаел Маер (Michael Mauer), раководител на Style Porsche.

 

Впечатокот е засилен со спојлерот на покривот што ја потенцира типичната за Coupé силуета. Ветробранското стакло и A столбот се за 20 mm спуштениот раб на покривот со пониска конструкција во однос на Cayenne.

 

Ново обликуваната задна врата и калниците го прошируваат возилото во рамената за 18 mm и така допринесуваат на севкупната мускулеста појава. Табличката за регистрација е интегирана во браникот па така возилото оптички се спушта.

 

Актуелниот Cayenne Turbo со својот спојлер на покривот бил вистински SUV со атрактивна аеродинамика. На таа позиција на предводникот се надоврзува и новиот Cayenne Coupé:

 

На секој модел Cayenne Coupé спојлерот на покривот се комбинира со нови адаптивен заден спојлер како составен дел на Porsche Active Aerodynamics (PAA).

 

Хармонично, во силуетата интегриран спојлер се издолжува при брзини од 90 km/h за 135 mm и така го зголемува аеродинамичниот потисок на задната оска. Истовремено PAA ја подобрува и ефикасноста.

 

Новиот Cayenne Coupé сериски располага со над 2,16 m2 голем панорамски покрив со фиксно стакло, а 0,92 m2 големата стаклена површина на сите патници им нуди извонредно чувство на простор, додека интегрираната ролетна ги штити од сончевата светлина и од студот!.

 

Како опција за Coupé, по желба на купувачите , е достапен и континуиран карбонски покрив. Средишното вдлабнување му дава на покривот карактеристичен изглед на спортско возило – слично како кај Porsche 911 GT3 RS.

 

Карбонскиот покрив составен дел на еден од трите спортски пакети за лесна конструкција. Тие пакети, понатаму опфаќаат Sport Design пакет и нови 22 инча големи тркала со GT Design и со намалена маса, средишни делови од седиштата со класичен примерок на ромб и потенцирани елементи од карбон и Алкантарa во внатрешноста.

 

Кај Cayenne Turbo Coupé во рамка на понудените пакети, исто така, спаѓа и спортскиот издувен систем.

 

Новиот Cayenne Coupé фабрички нуди доволно место за до четири лица. Во предниот дел предните, во осум насоки електрично регулирани спортски седишта со интегриран потпирач за глава нудат висока удобност и оптимално странично потпирање. Назад Coupé сериски е опремен со задна клупа со карактеристика на две индивидуални седишта.

 

Алтернативно, без доплата, може да се нарачаат од Cayenne познатата комфорна задна клупа. Патниците назад седат за 30 mm пониско одошто кај Cayenne што резултира со поголем слободен простор околу главата со едновремено спортско спуштена силуета.

 

Капацитетот на багажникот од 625 L – идеален за секојдневна употреба – може да нарасне до 1.540 L кога ќе се собори потпирниот дел на задните седишта a (Cayenne Turbo Coupé: 600 до 1.510 L).

На пазарот пристигнува во две изведби на моќ со 340 KS и 550 KS турбо мотори

 

Новиот Cayenne Coupé значително се разликува од Cayenne со својата посебно динамична контура како и со специфичните дизајнерски елементи. Но, во исто време профитира од сите технички новитети на третата генерација на моделот што донесува силни погони, иновациски системи на возното построј, дигитализиран концепт на прикази и управување и сеопфатна поврзаност.

 

При претставувањето на пазарот, како што претходно спомнавме, ќе бидат достапни две моторизации: Cayenne Coupé со турбо мотор со шест цилиндри и 3,0 литри работен волумен со моќ од 250 kW (340 KS) што развива максимален вртежен момент од 450 Nm. Стандардниот спринт од 0 до 100 km/h со серискиот Sport Chrono пакет е 6,0 секунди. Со спортскиот пакет што се нуди како опција за лесна конструкција забрзувањето од 0 до „стотка“ е за 5,9 секунди. Максималната брзина изнесува 243 km/h.

 

Топ моделот Cayenne Turbo Coupé пристигнува со biturbo мотор со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со работен волумен од 4,0-литри со моќ од 404 kW (550 KS) и максимален вртежен момент од 770 Nm. Оваа верзија од 0 до 100 km/h забрзува за u 3,9 секунди и постигнува максимална брзина од 286 km/h.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Во интерес на корисниците: Facebook најави клучен редизајн на мобилната апликација
Конечно седан во понудата – Citroen ќе го претстави во 2021
Најлуксузните BMW модели пристигнаа во Македонија!
BMW сподели информации за Series 8 Gran Coupe
Citroen ја продолжува традицијата на своите големи лимузини 2021
Audi со нов прототип на водородни горивни ќелии
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.