МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Xроника
Осум сообраќајки во Скопје, загина пешак

Осум сообраќајки во Скопје, загина пешак

четврток, 21 март 2019, 09:57ч.   |   L.E.

Скопје, 21 март- Еден пешак загинал, три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а шест лица со лесни телесни повреди во осум сообраќајни незгоди од вкупно 13 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Материјална штета е причините во четири сообраќајни незгоди.

Полицијата, според податоците на Министерството за внатрешни работи, од сообраќај исклучила 28 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 17 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца почетници.

Казнети се и 13 возачи за технички неисправни возила, 12 за нерегистрирани возила, како и 101 возач за непрописно паркирање. Со специјалното возило „пајак” биле подигнати 79 возила.

Полицијата евидентирала и осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 12 кои поминале коловоз на црвено светло, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, четворица за некористење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, седум за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 за користење мобилен телефон за време на управување моторно возило

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Синот на Илчо Захариев пронајден мртов
Починато лице пронајдено во објект во Бутел
НЛБ Банка се огласи по вооружениот грабеж, средствата на нашите клиенти се сигурни
Актерката Билјана Белицанец најдена мртва
Прегазен пешак во Ново Лисиче, загина на самото место
Скопјанец ја силувал 13-годишната ќерка, девојчето само пријавило во полиција
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.