МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Регион
Kараџиќ: Српскиот народ и јас, заедно веќе победивме

Kараџиќ: Српскиот народ и јас, заедно веќе победивме

четврток, 21 март 2019, 11:25ч.   |   Z.H.

 Радован Караџиќ, по пресудата со која вчера беше осуден на доживотен затвор, испрати порака од Хаг, која ја пренесе неговиот адвокат Марко Сладојевиќ.

-Српскиот народ и јас заедно веќе победивме. Република Српска е создадена, а српскиот народ е слободен во својата земја. Жртвата, која јас ја поднесувам е помала од другите. Илјадници и илјадници млади луѓе со своите животи ја градеа Република Српска. Многу станаа воени инвалиди. Најголемите жртви ги поднесеоа мајките, чии синови, најчесто синови единци, го дадоа животот за слободата на српскиот народ. Тоа се вистинските жртви, ги пренесе Сладојевиќ зборовите на Караџиќ, со кого, по пресудата разговарал околу половина час.
Според адвокатот, Караџиќ порачал дека е јалова одмаздата на Хашкиот трибунал и дека, како на старец, не му можат ништо.
-Не се предадовме ниту кога ни беше многу потешко, па и вака затворен никогаш нема да престанам да се борам за вистината за нашата праведна борба во војна, која ни беше наметната и во која страдаа сите три народи. Секоја војна, особено граѓанска, раѓа извршени злосторства, кои нашата земја, ако знаеше, ги осудуваше и процесуираше. Ние се боревме чесно за слобода и еднаквост на српскиот народ во Босна и Херцеговина. Затоа, секогаш и секаде да бидеме достоинствени, да не ги мразиме другите и гордо да го чуваме она што е над нас, а тоа е Република Српска, гласи пораката на Караџиќ, кому вчера му беше сменета претходната пресуда од 40 години и изречена казна доживотен затвор

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
Српски научник пронајде лек за рак
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Опозицијата официјално го освои Истанбул, но Ердоган повлече потег со кој сака да го врати
Планирале свадба, а загинале во страшна несреќа - ова е парот од Србија кој наместо пред олтар, замина во смрт
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.