МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Свет
Норвешка: Отворен првиот подводен ресторан во Европа

Норвешка: Отворен првиот подводен ресторан во Европа

четврток, 21 март 2019, 15:22ч.   |   Z.H.

Во Норвешка, вчера е отворен првиот подводен ресторан во Европа. Повеќе од 7.000 посетители резервирале да јадат меѓу рибите.
Лоциран на јужниот врв на Норвешка, ресторанот изгледа како голема бетонска цевка делумно потопена во Северното Море. Се вика „Андер“ (Under), што исто така значи „чудо“ на норвешки.
 
Дизајниран е од страна на норвешка архитектонска фирма Снохета, која исто така ја креираше Оперската куќа во Осло и Националниот спомен-музеј 11 септември во Њујорк.
 
„Фасцинантно е и самото движење од над вода до под вода преку зградата“, изјави за Ројтерс основачот на Снохета, Ќетил Традал Туршен.
Традал Туршен рече дека конструкцијата може да ги издржи суровите временски услови и е обликувана така што може да го издржи како што го нарече „бранот на векот“.
 
Ресторанот е поставен така што има минимални рефлексии во стаклениот ѕид кој гледа во океанот, а кој овозможува просторијата да биде исполнета со природна светлина во текот на денот, измешана со зеленикавата боја на водата.
 
Комплет оброк, базиран на локални состојки и морски плодови, може да чини до 3700 круни (430 долари) по лице, но целта е 50 отсто од гостите што ќе јадат исто така да ја поминат ноќта во хотелот...
 
-Очекуваме околу 12.000 луѓе да го посетат ресторанот годишно“, рече Гуте Убостад, еден од двата браќа кои го поседуваат ресторанот и хотелот во близина.
 
Постојат само неколку подводни ресторани низ целиот свет, главно се наоѓаат во тропските води како Малдивите во Индискиот Океан.

 

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Русија ја коментираше победата на комичарот на претседателските избори во Украина
Украински министер кажа дека ќе влезе во Москва со тенкови, Русите одговорија со иронија
Голема трагедија ја скрши Меркел
Амбасада на Русија: Велика Британија намерно провоцира со испраќање „апачи” во Естонија
Се разбудила по 27 години во кома, покрај неа бил синот кого го спасила во сообраќајката во која настрадала
Се разбудила по 27 години во кома, покрај неа бил синот кого го спасила во сообраќајката во која настрадала
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.