МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Свет
„Њујорк тајмс”: Трамп позајмил две милијарди долари од Дојче банк пред да стане претседател

„Њујорк тајмс”: Трамп позајмил две милијарди долари од Дојче банк пред да стане претседател

четврток, 21 март 2019, 09:20ч.   |   Z.H.

 САД-Германската Дојче банк му позајмила повеќе од две милијарди долари на Доналд Трамп пред да стане претседател на САД.

И покрај бројните сигнали, кои укажувале дека Трамп е во проблеми, пишува „Њујорк тајмс”.
 
Весникот интервјуирал повеќе од 20 поранешни и сегашни директори и членови на управниот одбор на Дојче банк, со цел да обезбеди подобар увид во историјата на односите на Трамп со германскиот кредитор и да го открие начинот на кој Трамп речиси две децении успевал да обезбеди финансирање од таа германска банка и покрај неговите банкроти, додека во исто време, други кредитори го сметале за ризичен клиент.
 
Написот во „Њујорк тајмс” е објавен непосредно откако двата најголеми германски кредитора, Дојче банк и Комерцбанк, потврдија дека се во преговори за спојување, што придонесе за скок на нивните акции.
 
Според „Њујорк тајмс“, Трамп, во одредени околности, го предимензионирал своето богатство, а на банкарите им ветувал дека ќе ги награди со бесплатни викенди во неговиот приватен клуб во Палм Бич, Флорида, со цел да добие кредит.
 
Со текот на годините, Трамп користи кредити од Дојче банк за изградба на облакодери и други луксузни недвижнини. За германската банка, односот со Трамп бил клучен во креирањето на нејзиното инвестициското банкарско работење, се вели во извештајот.
 
Дојче банк, „Организацијата Трамп“ и Белата куќа не го коментираа написот на „Њујорк тајмс“. Американски медиуми потсетуваат дека односот на Трамп со Дојче банк неодамна се најде под лупа во САД.
 
Имено, Канцеларијата на државниот обвинител во Њујорк, Комитетот за разузнавачка контрола и Комитетот за финансиски услуги во Конгресот ги разгледуваа финансиските врски на претседателот со таа германска банка. 

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Русија ја коментираше победата на комичарот на претседателските избори во Украина
Украински министер кажа дека ќе влезе во Москва со тенкови, Русите одговорија со иронија
Голема трагедија ја скрши Меркел
Амбасада на Русија: Велика Британија намерно провоцира со испраќање „апачи” во Естонија
Се разбудила по 27 години во кома, покрај неа бил синот кого го спасила во сообраќајката во која настрадала
Се разбудила по 27 години во кома, покрај неа бил синот кого го спасила во сообраќајката во која настрадала
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.