МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Култура
Плати со поезија по 5-ти пат го разубави Скопје

Плати со поезија по 5-ти пат го разубави Скопје

четврток, 21 март 2019, 12:42ч.   |   L.E.

 На 21-ви март, светскиот ден на поезијата, секоја година светот цути под значајноста на стиховите. Но, под водството на поетите од Македонија, Скопје и сите кои пиеја кафе го направија невозможното и го обвиткаа градот со позитивни чувства благодарение на акцијата Плати со поезија на Јилиус Мајнл.

 

Во 8 локали, и тоа Ревија, Паладиум, Фонтана, Дион, Центар бар, Бекјард, Ла кафе и Сквер 21, посетителите можат да го платат своето кафе со песна или поема. Тие добиваат пенкало и лист чие белило треба да биде исполнето од инспирацијата која ја носи кафето на Јулиус Мајнл. Воедно, тие беа охрабрени да ги остават и своите телефони, да се свртат околу себе да уживаат во животот и кафето.

Оваа акција моментално се реализира во 40 држави од страна на Јулиус Мајнл, но Македонија е една од ретките во која најголемата поддршка доаѓа од самите поети и писатели. Драгана Ефтимова, Наим Иљази, Стефан Марковски, Ксенија Николова, Љубица Шопова, Ирена Јурчева, Искра Донева, Јован Илиески, Слаѓана Атанасова, Исток Улчар, Наталија Наумовска, Перо Сарџоски, Арлинда Бафтиу, Катерина Гогова, Виолета Сековска, Славица Гаџова Свидерска, Михајло Свидерски и Никодин Чернодримски се тие кои што ги водат сите кон пишаниот збор, мотивирајќи ги да ги исполнат своите животи со стихови и проза, убавини и среќа.

 

 

За тие кои сакаат да ги посетат сите локали може да ја погледнат и официјалната мапа на следниот линк.

Секој кој има барем мал афинитет кон поезијата и кој сака да се запознае со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1ви јуни 2019, треба да напише кратка песна, да ја фотографира и да ја објави на својот Инстаграм профил со хаштагот #PayWithAPoem.

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Отворен павилјонот на Северна Македонија на годинашното Биенале во Венеција
Изведба на четири монодрами пред утрешното завршување на „Битола 2019“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.