МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Фетаи: СЈО ја книжи злоупотребата на Камчев со шетањето во Германија
Димитров во ФАЦ: Признајте го нашиот успех!
Технологија
Самсунг “КуЛЕД “ (QLED) телевизорите и нивниот нов “Амбиентален Режим“ го трансформираат домот во галерија

Самсунг “КуЛЕД “ (QLED) телевизорите и нивниот нов “Амбиентален Режим“ го трансформираат домот во галерија

четврток, 21 март 2019, 12:24ч.   |   L.E.

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес најави дека нивната серија “КуЛЕД“ (QLED) телевизори од 2019 година ќе понуди нов вид на “Амбиентален режим“ дизајниран да прикаже различна содржина, вклучувајќи и светски познати уметнички дела, дури и во моментите кога ТВ екранот е исклучен.

Со опцијата “Амбиентален режим“, корисниците ќе имаат можност преку телевизискиот екран да погледнат широк спектар на содржини како дневни новости, временска прогноза, фотографии и музика. Дополнително, Самсунг соработуваше со реномирани уметници како Тали Ленокс (Tali Lennox) и “Шолтен и Бејжингс“ (Scholten & Baijings), овозможувајќи приказ на нивните уникатни уметнички дела на “КуЛЕД“ телевизорите преку опцијата “Амбиентален режим“.


Достапна во моментов, опцијата “Амбиентален режим“ е дизајнирана да го подобри секојдневието на потрошувачите и да им овозможи уникатно искуство при гледање на содржини, вон рамки на содржините кои ТВ екраните ги прикажуваат кога се вклучени.

“Задоволство ни е да понудиме опција за амбиентален режим, која покрај тоа што додава нова вредност на ТВ екранот кога е исклучен, дополнително со себе носи поволности – корисни за животниот стил на корисниците, надвор од рамките на користење на конвенционалните телевизори. Компанијата Самсунг планира да ги прошири содржините за “Амбиентален Режим“ во текот на следните неколку години преку соработка со млади, талентирани уметници, испорачувајќи им на нашите корисници позначајни начини да уживаат во своите “КуЛЕД“ телевизори." – изјави Јонгсук Чу (Jongsuk Choo), Извршен Потпретседател на Секторот за визуелни екрани во Самсунг Електроникс.


Како дел од иницијалното создавање на новата опција “Амбиентален Режим“, компанијата Самсунг соработуваше со талентирани уметници, за да им помогне на потрошувачите да ги претворат своите домови во потопло и поудобно опкружување. Позната по нејзините апстрактни слики од масло, Тали Ленокс, модел и уметник, со големо влијание во модната индустрија, ги обедини силите со Самсунг за креирање нов, подобар “Амбиентален Режим“. Воедно “Шолтен и Бејжингс“, со седиште во Холандија, креираа колекција од различни домашни уметнички дела, составена од порцелан и производи од ткаенина со елегантни бои и дезени.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Ниту Samsung, ниту Huawei: Првиот 5G телефон пристигна во Европа
Samsung Galaxy Note10 би можел да има полнење побрзо од 25W
Huawei Mate 30 Pro
Годинашните iPhone модели ќе користат нова технологија за антени
Џеф Безос го претстави Леталото со кое планира да однесе луѓе на Месечината до 2024
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.