МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Пендаровски поддржува намалување на привилегиите на функционерите
Агенцијата за разузнавање доби нов директор
Кој е кој во кабинетот на претседателот Пендаровски?
Ќе се испитува закупот на канцеларии не само кај Иванов, туку и кај сите поранешни пр..
Македонија
Котевски во целост ги спровел задачите од Управата за извршување на санкции по инцидентот со Јанакиески и Ристовски

Котевски во целост ги спровел задачите од Управата за извршување на санкции по инцидентот со Јанакиески и Ристовски

среда, 20 март 2019, 15:23ч.   |   Xh.I.

Истражниот затвор во Шутка во најкус можен рок и во целост ги реализирал задачите дадени од Управат за извршување на санкциите по однос на инцидентите кој пред еден месец се случија со поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот министер за образование, Спиро Ристовски. Ова го покажала контролата од стручно-инструкторскиот надзор извршен на 15-ти овој месец по усна наредба дадена од директорот на Управата за извршување на санкции. Директорот на усптановата, Котевски ја известил Управата дека се реализирани сите дадени задачи.

При надзорот од страна на службени лица е изготвен записник и разговор со директорот на КПУ Затвор Скопје – Ѓоко Котевски кој, како што информираат од Управата за извршување на санкциите, посочил дека во најкус можен рок е постапено и реализирани се задачите дадени со Наредбите со бр.08-385/2 од 26.02.2019 година, дадени од директорот на Управата за извршување на санкциите по однос инцидентите во одделението за притвор склучени на ден 21 февруари, годинава.

Надзорот, информираат од Управата, покажал дека на сите шеталишта е поставено дополнително рефлекторско осветлување со што е овозможено подолго користење на истите во текот на денот, а поставена е и нова безбедносна мрежа на истите, Истовремено, со продолженото користење на шеталиштата овозможено е движењето на чист воздух на притворените лица да се спроведува на начин што лицата од секоја притворска просторија се сами на шеталиштето, т.е. не се мешаат со притворени лица од други простории.

-Со оглед на фактот дека за реализација на наредбата за зголемено присуство на службените лица во време додека притворените лица се наоѓаат во шеталиште, е потребен дополнителен број на припадници на затворската полиција, директорот на КПУ Затвор Скопје со Наредба ги има задолжено оние припадници на затворската полиција кои имаат задача да го извршуваат спроводот на притворените и осудените лица, откако ќе ги завршат овие работни задачи, задолжително да се ангажираат од страна на дежурниот командир на смена на работи и работни задачи во притворското и затвореното одделение на установата.

-Исто така со Наредба од директорот на КПУ Затвор Скопје, доделени им се дополнителни задолженија на командирите на смена и нивните заменици во затворската полиција по кои треба да постапуваат при приемот на новодојдени осудени и притворени лица кои според нивна проценка претставуваат ризик по безбедноста на КПУ Затвор Скопје, а исто така наредено им е и детално евидентирање на настаните во одделението за притвор.

-Заради детално истражување на случувањата директорот на установата формираше Комисија за испитување на причините кои доведоа до случување на настаните и како резултат од работата на оваа комисија, директорот веќе има донесено решенија за изрекување дисциплинска санкција за некои од припадниците на затворската полиција, додека против некои од нив, дисциплинските постапки сеуште се во тек, информираат денеска од Управа за извршување на санкциите.
 

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.