МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска победи во 47 општини, СДСМ и коалицијата од 30 партии се пораз..
ЕУ повикува на излезност во вториот круг од изборите
Изборите добро спроведени, сé уште се потребни реформи на изборното законодавств..
Култура
„Рајмонда“ на 26 март во МОБ

„Рајмонда“ на 26 март во МОБ

среда, 20 март 2019, 12:30ч.   |   L.E.

Балетската претстава „Рајмонда“ од Александар Глазунов ќе биде изведена во вторник, 26 март, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет.

 

„Рајмонда“ е балет во два чина. Светската премиера е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург, во јануари 1898 година. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа.

„Рајмонда“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Марија Кичевска Шокаровска и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Абдурахман, ќе настапи гостинот од Италија, Давиде Буфоне. Улогата, Бела Дама ќе ја толкува Наташа Јосифовска. Настапуваат истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент Едуард Амбарцумјан од Русија.

„Рајмонда“ е претстава со прекрасни костими и спектакуларна сценографија, што ги изработи нашето ателје, под менторство на гостите од Украина: Гана Ипатиева и Андреј Злобин.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Шест романи во трката за „Роман на годината“
Краток филм на Елеонора Венинова ќе се прикаже на Кан
Почина македонскиот виолинист и концерт мајстор во Македонската опера и балет – Ѓоко Николовски
Натпревар на свечени фустани: Виенскиот бал во Скопје прослави јубилеј
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
Плати со поезија по 5-ти пат го разубави Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.