МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
МВР е подготвено да обезбеди безбедна атмосфера за време на гласањето, тврди Спасовск..
Филипче: Процентот на вакцинирани деца уште е мал, особено надвор од Скопје
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Технологија
Google подготвува поевтини Pixel смартфони

Google подготвува поевтини Pixel смартфони

среда, 20 март 2019, 12:27ч.   |   L.E.

 Kомпанијата Google најави дека работи на поевтини верзии на популарниот модел.

Наводно се работи за уредите Google Pixel 3a и Pixel 3a XL, кои би требало да се појават на пазарот веќе следната пролет.

Гласините за новите верзии на Pixel се појавија од поодамна, а сега дознаваме и неколку детали за нив. Останува непозната нивната цена, но би требало да бидат околу 100 евра поевтини од актуелниот Pixel 3, кој чини 600 долари.

Според последните извештаи, Google Pixel 3a ќе има 5,6-инчен OLED екран со резолуција од 2.220х1.080 пиксели, потоа процесор Qualcomm Snapdragon 670, 4GB RAM, задна камера од 12 MP и предна селфи камера со 8 MP и широк агол на леќата, како и батерија од 3.000 mAh. Моделот Pixel 3a XL веројатно ќе има 6-инчен екран, но информации за процесорот и камерата засега не се познати.

Двата уреди ќе имаат USB-C конектори, 64GB внатрешна меморија, Active Edge сензори за притисок кои ќе бидат позиционирани на страните од уредот, сигурносен чип Titan M, како и технологија за брзо полнење со јачина од 18 W. Исто така, купувачите ќе можат да одберат помеѓу црна или бела боја за двата уреди.:USB.mk

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
Снабдувачот на Apple, Corning развива свитливо стакло за смартфони
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.