МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Заев: Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да го послушаат Мицкоски за бојкот и ..
Пендаровски: Благодетите од Договорот со Грција веќе се чувствуваат во Гевгелија
Технологија
Huawei P30 Lite: Висок дисплеј, три задни камери

Huawei P30 Lite: Висок дисплеј, три задни камери

среда, 20 март 2019, 12:26ч.   |   L.E.

Заедно со Huawei P30 и P30 Pro, наскоро компанијата планира да го претстави и буџетскиот Huawei P30 Lite. Еве што може да очекуваме:

Во внатрешноста, уредот ќе биде целосно различен од другите две верзии, но во однос на дизајнот е речиси ист. Како и останатите новопретставени уреди на компанијата, P30 Lite ќе има дисплеј со notch. Станува збор за 6.2 инчен панел со тенки рамки и резолуција од 2312 x 1080 пиксели.

Leaked Huawei P30 Lite press renders showcase extra rear camera, tiny notch
Leaked Huawei P30 Lite press renders showcase extra rear camera, tiny notch


Како и предниот дел, и задниот дел на уредот нема некаков уникатен дизајн. Всушност, речиси е идентичен со Huawei P30. Единствена разлика е кај скенерот за отпечатоци, кој кај новиот флегшип на компанијата ќе биде под дисплејот.

Од сликите се забележуваат три задни камери, вертикално поставени и придружени од LED блиц. Главниот сензор ќе биде од 24 мегапиксели, додека другите два ќе бидат од 8 и 2 мегапиксели.

Во внатрешноста, смартфонот ќе биде снабден со Kirin 710 - процесор сличен на Snapdragon 660 во однос на перформанси. Ќе биде придружен од 6GB RAM, како и 128GB меморија.

Почетната цена на P30 Lite ќе биде околу 369 евра. Ќе биде достапен во црна, бела и сина боја.

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
Снабдувачот на Apple, Corning развива свитливо стакло за смартфони
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.