МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Пендаровски поддржува намалување на привилегиите на функционерите
Агенцијата за разузнавање доби нов директор
Кој е кој во кабинетот на претседателот Пендаровски?
Ќе се испитува закупот на канцеларии не само кај Иванов, туку и кај сите поранешни пр..
Авто
И новиот Juke го задржува младешкиот дизајн!

И новиот Juke го задржува младешкиот дизајн!

среда, 20 март 2019, 12:20ч.   |   L.E.

 И покрај новата платформа, новиот Nissan Juke го задржува својот модерен и динамичен, н пред се препознатлив изглед
Втората генерација на Nissan Juke е на пат, а бројните шпионски фотографии покажуваат дека Nissan веќе започна со тестирање на новиот модел и дека наскоро би требало да го очекуваме на пазарот, односно подоцна годинава.

 

Суб- компактниот crossover ќе се базира на CMF-B платформата на Renault и Nissan, но и ќе задржи дел од препознатливите стилски линии на својот претходник.

И покрај силната камуфлажа, сличноста со моделот кој го заменува е забележлива веќе на прв поглед.

 

Дизајнот на предните фарови, како и поставеноста на дневните и светлата ја покажуваат големата сличностите на актуелната изведба на популарниот модел.

 

Од она што може да се забележи под „дебелата“ камуфлажа е тоа дека предната решетка сега има нов дизајн што е инспириран од најновата генерација на моделот Leaf.

Впечатливи разлики може да се забележат и во назад кај новиот автомобил, односно кај задната светлосна група, што сега, е со нов лик и со нова форма.

 

Но, со оглед на фактот дека новата генерација на Nissan Juke доаѓа со без малку исти пропорции со актуелната, по соодветно, можеби, би требале да речеме дека станува збор повеќе за facelift на актуелниот, а не потполно нов модел!?.

 

Од внатре се уште не „протекуваат“ детали за изгледот и можната поинаква организираност на просторот, сепак се очекува кабината да биде значително подновена и во однос на дизајнот и во однос на технологијата што ќе се имплементира.

 

Во однос на архитектурата, тоа и го спомнавме погоре, новиот Juke ќе биде идентичен со новиот Renault Clio, а поради веројатноста за електрификација, тоа е добар избор.

 

Има и најава за хибридна верзија на моделот, а покрај истата во понда ќе бидат и турбо бензинците со три цилиндри и работен волумен 1.0-литри агрегата, како и со четири цилиндри и работен волумен од 1.6-литри, а Јапонците не се откажуваат ниту од познатиот турбо дизел со работен волумен од 1.5-литри.

 

Преминот на новата CMF-B платформа во голема мерка ќе допринесе за поголем комфор во кабината, па може да очекуваме новиот Juke да добие поголемо растојание помеѓу оските, што секако ќе придонесе за зголемување на комфорот за патниците, особено за тие што ќе седнат на задните седиште во автомобилот.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
ТОП 5 АВТОМОБИЛИ: Кои автомобили тpoшат нajмногу а кои нajмалку гopиво!
Збогум за три модели на Opel
Во интерес на корисниците: Facebook најави клучен редизајн на мобилната апликација
Со 400 коњски сили, новиот Голф ќе биде брутално моќен
VW со загуба од 3.000 евра ќе го продава I.D.
Еволуција место револуција за Nissan Juke II
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.