МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски и Чавков се жртви на политички монтирани случаи

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски и Чавков се жртви на политички монтирани случаи

среда, 20 март 2019, 11:46ч.   |   Xh.I.

Власта две години ги гази и узурпира правото, законите и институциите. Зоран Заев и Стево Пендаровски, исплашени од сè поизвесниот изборен пораз, прибегнуваат кон монтирање политички процеси. Стевче Јакимовски, како и Митко Чавков и останатите припадници на безбедносните сили и граѓани патриоти се жртви на политички монтирани случаи, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ како на пазар тргуваше со гласовите на пратениците. Заев во негов познат стил ја деградираше правната држава, го погази Уставот и законите.
СДСМ зацрнува судбини на цели семејства. Десетици патриоти се осудени на 211 години затвор за дело што не го извршиле. Осудени се без докази и без аргументи.

Власта направи неправда и со непотизмот кој метастазираше во општеството. Работа има само за децата и роднините на функционерите. Обичните граѓани бегаат од државата и сè повеќе се иселуваат.

Неправда е и кога нема откуп на земјоделските производи. Голема неправда е кога земјоделецот кој цела година работел за на крајот на годината од продажба на родот да земе пари за негова егзистенција нема каде да ги продаде земјоделските производи.

Неправда се и сите криминални зделки во четири очи, но и милионски тендери кои ги добиваат фирми непосредно формирани пред да го добијат бизнисот.

Власта за две години генерира само неправда. СДСМ го втурна општеството во хаос. Оваа пракса на незаконие мора да запре. СДСМ мора да си замине од власт, потребна е победа на Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори, што ќе биде причина за распишувањеа предвремени парламентарни избори за крај на СДСМ“, порача опозициската партија.
 

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев утре ќе им даде отказ на петмина министри?
Расипан телефон: Еролд или Хисен, Муслиу или Мемети?
СДСМ врати шест општини што ги изгуби во првиот круг
Идните членки на ЕУ губат трпение - Србија чека 10 години, Црна Гора 11 години, Македонија 14 години...
Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.