МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Заев: Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да го послушаат Мицкоски за бојкот и ..
Пендаровски: Благодетите од Договорот со Грција веќе се чувствуваат во Гевгелија
Македонија
ДИК: На претседателските избори во странство ќе може да гласаат вкупно 1.782 граѓани во 32 ДКП-а

ДИК: На претседателските избори во странство ќе може да гласаат вкупно 1.782 граѓани во 32 ДКП-а

среда, 20 март 2019, 11:45ч.   |   Xh.I.

На претседателските избори во странство ќе можат да гласаат вкупно 1.782 граѓани во 32 дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство и тоа: Абу Даби, Белград, Берлин, Берн, Бон, Брисел, Будимпешта, Букурешт, Вашингтон, Венеција, Виена, Детроит, Загреб, Истанбул, Камбера, Копенхаген, Лондон, Љубљана, Мелбурн, Минхен, Њујорк, Осло, Отава, Париз, Прага, Приштина, Рим, Сараево, Стокхолм, Торонто, Хаг и Чикаго.

Државната изборна комисија, на својата 25-седница по завршување на рокот за поднесување пријави за гласање во ДКП-ата и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство на 14 март заклучи дека во 15 ДКП-а и конзуларни претставништва се пријавиле помалку од 10 граѓани и тоа во Анкара, Астана, Атина, Варшава, Доха, Каиро, Киев, Мадрид, Москва, Њу Делхи, Пекинг, Подгорица, Солун, Софија и Тирана.

Вкупниот број на граѓани кои извршиле увид во Избирачкиот список за претседателските избори кој траеше во периодот 23 февруари до 14 март е 53.972 граѓани.

ДИК на последната седница донесе и Упатство за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за предвремените избори за градоначалник на Општина Охрид, Ново Село и Дебар, Упатство за работа на општински изборни комисии и изборна комисија на Градот Скопје, Одлука за утврдување на максималниот износ на средствата потребни за изнајмување на простории во приватна сопственост за спроведување на гласање и Одлука за објавување на описите на избирачките места.

На оваа седница било усвоено и барањето од ОБСЕ/ОДИХР, Мисија за набљудување на избори.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.