МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
МВР е подготвено да обезбеди безбедна атмосфера за време на гласањето, тврди Спасовск..
Филипче: Процентот на вакцинирани деца уште е мал, особено надвор од Скопје
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Xроника
Шест лица повредени во сообраќајки во Скопје

Шест лица повредени во сообраќајки во Скопје

вторник, 19 март 2019, 09:55ч.   |   L.E.

Скопје, 19 март- Еден мотоцикл се здобил со тешки повреди, а пет лица со лесни повреди во пет сообраќајни незгоди од вкупно 12 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајки е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата евидентирала 39 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 17 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и шест почетници.

Од сообраќај се исклучени и пет технички неисправни и 14 нерегистрирани возила. Казнети се и 90 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 66 возила.

Санкционирани се и тројца пешаци, пет возачи кои поминале на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, шест за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, како и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница. Казнети се и пет возачи на мотор, мопед и мотоцикл за некористење на заштитен шлем, шест возачи за неносење сигурносен појас и 20 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Синот на Илчо Захариев пронајден мртов
Починато лице пронајдено во објект во Бутел
НЛБ Банка се огласи по вооружениот грабеж, средствата на нашите клиенти се сигурни
Актерката Билјана Белицанец најдена мртва
Прегазен пешак во Ново Лисиче, загина на самото место
Скопјанец ја силувал 13-годишната ќерка, девојчето само пријавило во полиција
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.