МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
МВР е подготвено да обезбеди безбедна атмосфера за време на гласањето, тврди Спасовск..
Филипче: Процентот на вакцинирани деца уште е мал, особено надвор од Скопје
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Авто
Најмалиот SUV на Audi, на струја, само за кинески пазар

Најмалиот SUV на Audi, на струја, само за кинески пазар

вторник, 19 март 2019, 12:06ч.   |   L.E.

 Потврдено е дека Audi Q2 L E-Tron ќе биде најмалиот електричен SUV на компанијата, но истопт ќе биде понуден само за кинескиот пазар
Планот на германскиот производител за електрификација на целиот свој спектар на модели, го вклучува и малиот компактен Q2 SUV, кој треба да добие целосен E-Tron третман, беше најавено кон крајот на минатата 2018 година, кога компанијата соопшти дека ќе понуди целосно електрична верзија на Q2, специјално за кинескиот пазар.

 

Веќе се евидентирани тестирања на прототипната варијанта на овој модел, каде првиот пат камуфлираниот Q2 можеше да се забележи по германските патишта, а неодамна, тест автомобилот е уловен малку понасевер, во постудени временски услови.

 

За разлика од производната верзија на Q4 E-Tron која ќе се базира на архитектурата MEB наменета само за електрични возила, новиот Q2 L E-Tron ќе користи одново проектирана верзија на стандардната Q2 платформа, каде електричниот мотор ќе биде поставен во предниот дел, а батерискиот пакет најверојатно ќе лежи во подот под кабината.

 

Визуелно измените се цо сет редизајнирани браници, променета предна решетка во стилот на поголеите E-Tron, како очигледното отсуство на издувните цевки.

 

Во однос на спецификациите на компактниот електричен SUV, Audi се уште нема објавено детали околу погонските карактеристики, но во претходните извештаи беше напоменато дека престојниот модел ќе има возен опсег од околу 500 km со само едно полнење, а во последната информација од Компанијата се врли дека 12 нови електрифицирани модели доаѓаат до 2020 година, а ќе бидат додадени уште шест хибридни модели годинава.

 

Како модел за 2020 година, новиот Q2 L E-Tron се очекува да биде лансиран во Кина во тековната 2019-та година и да се продава заедно со поголемите E-Tron модели.

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Со 400 коњски сили, новиот Голф ќе биде брутално моќен
Skoda почна да работи на новата генерација на Octavia
Еволуција место револуција за Nissan Juke II
Најагресивниот Lamborghini Urus досега
СУВ возила со најголема потрошувачка (Фото)
Почнува продажбата на најевтиниот автомобил на Eлон Маск
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.