МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Култура
Изложба „Портали” за Европскиот ден на уметничка креативност

Изложба „Портали” за Европскиот ден на уметничка креативност

вторник, 19 март 2019, 12:30ч.   |   L.E.

 Со изложбата „Портали” Град Скопје ќе го одбележи Европскиот ден на уметничка креативност, како дел од проектот CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво).

Изложбата ќе биде отворена в четврток во Музеј на Град Скопје и ќе ги претстави делата и идеите на девет млади уметници: Александра Ацеска; Ана Јовановска; Ива Станковска; Ивана Мојсовска; Игор Таневски; Кристијан Јованоски; Кристијан Тодоров;Тамара Антевска-Бајдевска и Филип Ивановски-Пепе.

Тие се критички насочени и укажуваат на проблеми како што е енормното глобално загадување, посочувајќи на испревртен систем на вредности што води до анархични дејства, од кои резултатот е девастација на средината во која живее современиот човек.

Според краторот на изложбата Благоја Варошанец, преку своето творештво младите уметници дејствуваат локално, но размислуваат глобално користејќи различни уметнички медиуми како изразна алатка.

-Итноста на потребата за корекција на исчанчената слика на реалноста ја чувствуваме со секој следен здив, со секој поглед врз сметот кој нè опкружува, со секој деформитет на новородено дете, што го претвора гласот на овие уметници во универзален врисок кој делува како грмотевица која ќе нè разбуди од зачмаениот ментален амбиент и, конечно, ќе доведе до повисоко ниво на ментална хигиена, наведува Варошанец.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Отворен павилјонот на Северна Македонија на годинашното Биенале во Венеција
Изведба на четири монодрами пред утрешното завршување на „Битола 2019“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.