МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Технологија
Пристигна новиот смартфон Redmi 7

Пристигна новиот смартфон Redmi 7

вторник, 19 март 2019, 12:14ч.   |   L.E.

Благодарејќи на протекувањата на информациите веќе некое време знаеме одредени детали за смартфонот Redmi 7, а подбрендот на Xiaomi конечно официјално го претстави.

Redmi 7 користи Snapdragon процесор 632, има од 2 до 4 GB РАМ, од 16 до 64 GB интерна меморија, батерија од 4.000 mAh и 6,26 инчен HD со екран заштитен со Gorilla Glass 5 стакло. Xiaomi примени и заштита од вода која ги произведува компанијата P2i така што нема да има проблеми во случај на дожд, полевање на уредот со вода и слично.

Смартфонот има две задни камери, главна со 12 мегапиксели и сензор од 2 мегапиксели за длабочина. Корисниците ќе користат селфи предна камера од 8 мегапиксели која се наоѓа во забот на екранот во облик на капка. Оваа камера исто така се користи и за отклучување на уредот за препознавање на лицето.


Исто така, уредот добил 3,5 милиметри порт за слушалки, IR технологија и сензор за отисок на прстот поставен на задната страна. Подбрендот на Xiaomi доаѓа со гаранција од 18 месеци, барем во Кина.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Ниту Samsung, ниту Huawei: Првиот 5G телефон пристигна во Европа
Samsung Galaxy Note10 би можел да има полнење побрзо од 25W
Huawei Mate 30 Pro
Годинашните iPhone модели ќе користат нова технологија за антени
Џеф Безос го претстави Леталото со кое планира да однесе луѓе на Месечината до 2024
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.