МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Фетаи: СЈО ја книжи злоупотребата на Камчев со шетањето во Германија
Димитров во ФАЦ: Признајте го нашиот успех!
Технологија
Вака изгледа iPhone 11 кој работи на iOS 13 со Dark Mode!

Вака изгледа iPhone 11 кој работи на iOS 13 со Dark Mode!

вторник, 19 март 2019, 12:11ч.   |   L.E.

По долго време, изгледа дека конечно доаѓа крајот на LCD технологијата. Со падот на цените на OLED панелите, изгледа дека овие екрани ќе станат новиот стандард во светот на смартфоните.

Покрај одличниот квалитет кој го нуди, OLED технологијата влијае и на производството на апликации, игри, па дури и на двата најпопуларни оперативни системи. Благодарение на нејзината способност целосно да ги исклучи црните пиксели, голем дел од компаниите го гледаат потенцијалот на Dark Mode опцијата во комбинација со оваа нова технологија.

Иако веќе некое време постојат голем број апликации кои доаѓаат со ваква опција, компаниите започнаат да имплементираат Dark Mode во самите оперативни системи за ноќно користење. Речиси сите големи компании, како Google, Samsung и Apple ќе претстават ваква функција вградена во своите нови уреди до крајот на годината.

Бидејќи претставувањето на новите iPhone модели ќе биде во септември, додека го чекаме големиот настан, решивме да погледнеме како би изгледала оваа опција на еден од овие уреди:

iPhone 11 running iOS 13 with Dark Mode pictured in 3D renders

Со оглед на тоа што голем број од смартфон корисниците речиси секоја вечер ги користат своите уреди пред спиење, опцијата да може да "не ослепите" кога прв пат ќе го отклучите вашиот телефон со сите силни бои звучи одлично.
Image comparison
Image comparison

Како дополнување на новите функции со кои ќе доаѓаат моделите, iPhone 11 ќе има три камери на задната страна, вертикално поставени, како и мал notch на предниот панел.

iPhone 11 running iOS 13 with Dark Mode pictured in 3D renders

iPhone 11 running iOS 13 with Dark Mode pictured in 3D renders

iPhone со дупка во дисплејот, наместо notch е секако една од опциите за дизајнот на новиот уред, но Apple е компанија која е позната по своите уникатни карактеристики кои ги нуди, а не по копирање на трендови поставени од други компании.
Бидејќи до претставувањето на овие смартфони има уште неколку месеци, сигурни сме дека во меѓувреме ќе се појават уште голем број нови слики, информации и детали за нивните спецификации и перформанси.

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Ниту Samsung, ниту Huawei: Првиот 5G телефон пристигна во Европа
Samsung Galaxy Note10 би можел да има полнење побрзо од 25W
Huawei Mate 30 Pro
Годинашните iPhone модели ќе користат нова технологија за антени
Џеф Безос го претстави Леталото со кое планира да однесе луѓе на Месечината до 2024
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.