МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Заев: Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да го послушаат Мицкоски за бојкот и ..
Пендаровски: Благодетите од Договорот со Грција веќе се чувствуваат во Гевгелија
Македонија
ЈОРМ: Не е загрозено правото на пензија на осигурениците

ЈОРМ: Не е загрозено правото на пензија на осигурениците

понеделник, 18 март 2019, 13:08ч.   |   Xh.I.

Во рамки на предистражната постапка која се однесува на невршење распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови, Основното јавно обвинителство зело искази од генералниот директор на Фондот за ПИОМ, претставник на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), претседателот на Управниот одбор на КБ Првото пензиско друштво и претставник на САВА пензиското друштво. Исто така од МТСП биле доставени документи кои се однесуваат на вршењето на надзорот на Министерството врз работата на Фондот за ПИОМ. Како што соопштуваат од ЈОРМ, од досегашните проверки, обвинителството утврдило дека не е загрозено правото на пензија на осигурениците.

“Основното јавно обвинителство Скопје интензивно постапува по кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика против непознат сторител за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, а која се однесува на невршење распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови”, се вели во соопштението од Обвинителството.

Во рамки на предистражната постапка од МТСП било побарано и до ОЈО дополнително доставило документи кои се однесуваат на вршењето на надзорот на Министерството врз работата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. До овој момент, до ОЈО не се пристигнати
побараните извештаи од Државниот завод за ревизија за извршените ревизии во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во критичниот период.
 

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.