МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Заев: Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да го послушаат Мицкоски за бојкот и ..
Пендаровски: Благодетите од Договорот со Грција веќе се чувствуваат во Гевгелија
Македонија
Теохаропулос: Во регионот се потребни политики далеку од национализмот

Теохаропулос: Во регионот се потребни политики далеку од национализмот

понеделник, 18 март 2019, 13:39ч.   |   Xh.I.

Претседателот на грчката партија Демократска левица во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека за да има мир, просперитет и развој во регионот потребни се политики далеку од национализмот и изолацијата. Танасис Теохаропулос, кој минатата седмица во Скопје се сретна со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев коментира дека средбата била особено конструктивна, јави дописничката на МИА од Атина.

-Господинот Заев е прогресивен социјалдемократски политичар, јасно решен радикално да ги промени работите во неговата земја, далеку од национализми и изолации и овие политики ни се потребни овде во „буре барутот во Европа” за да имаме иднина на мир, просперитет и развој. Затоа, по средбата, јасно сум голем оптимист – вели Теохаропулос.

Лидерот на Демократска левица вели дека на средбата со Заев разговарале за низа теми и бил известен за имплементацијата на ерга омнес во нашата земја и за промената на имињата на институциите, но и за работата на комисиите за ревизија на учебниците и онаа што ќе се формира за трговските ознаки.

-Со господинот Заев разговаравме, не само за прашањата што се поврзани со спроведувањето на Договорот од Преспа, но дополнително доставивме и конкретни предлози за развој на економската соработка и зајакнување на бизнис активностите меѓу нашите земји. Истакнавме дека од сега па натаму клучно е да има верно и успешна имплементација на договорот, на сите нивоа, без враќања назад – вели Теохаропулос за АНА-МПА.

Во однос на шпекулациите што се појавија во Грција за размена на споменици меѓу двете земји, Теохаропулос коментира дека постоеше демант како од министерката за култура на Грција, така и од Владата на Северна Македонија.

-Ако постојат такви прашања се разгледуваат и се решаваат во рамките на комисиите што ги предвидува договорот или од други ад хок комисии, додава претседателот на Демократска левица и коментира дека е потребна поголема сериозност и одговорност од сите, за да не се појавуваат од никаде такви прашања, истакнува Теохаропулос за АНА-МПА, пренесе МИА.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.