МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска победи во 47 општини, СДСМ и коалицијата од 30 партии се пораз..
ЕУ повикува на излезност во вториот круг од изборите
Изборите добро спроведени, сé уште се потребни реформи на изборното законодавств..
Култура
Објавен романот „Време за живот“ од писателот Маркос Хиралт Торенте

Објавен романот „Време за живот“ од писателот Маркос Хиралт Торенте

понеделник, 18 март 2019, 11:47ч.   |   L.E.

 „Македоника литера" од Скопје го објави романот „Време за живот" од шпанскиот писател Маркос Хиралт Торенте, во превод од шпански јазик на Ненад Велковски.

„Време за живот“ е добитник на две високи книжевни награди: Националната награда за литература на Шпанија и наградата „Стрега“ во Италија (2014), како прв носител за најдобра странска книга.

Се работи за автобиографски роман што ја третира драматичната поврзаност меѓу татко и син, за тажните моменти и за опасните крстосници на животот. Маркос Хиралт Торенте се соочува со интимна и лична приказна: Смртта на таткото. Пренесувајќи ја болката од загубата, со хипнотичка и концизна нарација, тој го реконструира односот спрема таткото, со неверојатна желба за искреност, што пак приказната ја прави потресна.

Маркос Хиралт Торенте е роден во 1968 година, во Мадрид, во семејство на уметници. Тој е син на сликарот Хуан Хиралт, внук на писателот Гонзало Торенте Балестер и внук, исто така, на писателот Гонзало Торенте Малвидо. Дипломирал филозофија. Неговиот книжевен опус не е многу голем, но има извонреден успех – тој е многу добро прифатен од читателите и од критиката и е многу наградуван. Неговото книжевно деби беше во 1995 година со збирката раскази „Разбери ме“. Во 1999 година е прогласен за еден од најветувачките автори на Шпанија, кога со „Париз“ ја доби наградата „Хералде“ за роман, а со збирката раскази „Ништо не се случува самo“ – ја доби наградата „Фурест и Рока“. За книгата раскази „Крајот на љубовта“ ја доби меѓународната награда „Бреве Рибера дел Диего“. Неговиот светски триумф доаѓа со романот „Време за живот“ (2010).

Автор е и на книгите: „Среќни суштества“ (роман, 2005), „Куентос Вагос“ (раскази, 2010) и „Промена на кожата“ (раскази, 2018). Пишува и литературна критика. Соработува со весникот „Ел паис“ – во додатокот за литература. Неговите дела се преведени на многу јазици.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Шест романи во трката за „Роман на годината“
Краток филм на Елеонора Венинова ќе се прикаже на Кан
Почина македонскиот виолинист и концерт мајстор во Македонската опера и балет – Ѓоко Николовски
Натпревар на свечени фустани: Виенскиот бал во Скопје прослави јубилеј
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
Плати со поезија по 5-ти пат го разубави Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.