МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Колумни
Влеедењето на правото е нашата религија, а судовите се нашите катедрали

Влеедењето на правото е нашата религија, а судовите се нашите катедрали

понеделник, 18 март 2019, 10:02ч.   |   Xh.I.
Андреј Божиновски

Cтавам посебен акцент на оваа дефиниција од Д. Вебстер која го опишува конструктот на суштината на владеењето на правото врз која треба да биде поставено и развивано македонското правосудство и реформата во судството во целост. владеењето на правото е клучно за мирот, просперитетот и правната безбедност на граѓаните, како и да осигура вистински реформи во судството- кои ќе ги ослободат ослободат актерите од спиралниот круг кој го уништува судството одвнатре и ја издава довербата на граѓаните. Секако ова покрај судот и обвинителството се однесува и за СЈО и неговите предмети во врска со неовластеното следење на комуникациите и високата корупција и злоупотреби, кои треба да продолжат непречно, без разлика на спорните одредби околу новиот закон во смисла на употребата на „бомбите“ во кривичната постапка за кои научната јавност во државата даде практични можности и теоретско објаснување како тоа може да се направи со запазување на јавниот интерес на кривичниот прогон за сериозни кривични дела.

Имајќи го тоа предвид, затоа никогаш скоро и не е чудно што за овој закон – правниците секогаш прогласуваат консензус за оние прашања за кои скоро секогаш постои реторичко согласување. За жал, без СЈО невозможно е да се стави крај на институционалниот криминал, кој се привлекол во сите пори на општеството и во општиот начин на функционирањето на институциите. Во суштина како концепт овој предлог оди со решение во смисла дека на Македонија ѝ е потребно обвинителство, кое сѐ уште ќе ја задржи автономијата од Републичкото, кое сеуште се во процес на опоравување. Сепак на крајот предметите треба да се разгледаат од страна на непристрасно и фер судство кое го има последниот збор.

За да се стори тоа, потребно е да се напушти концептот на „послушни ние“ и „непослушни вие“во правосудството и да се направи состојба која покрај етиката ќе ја инкорпорира и моралноста како карактерна особина и ќе ја зајакне довербата на граѓаните, а тоа може да се направи само со едукација и фер однос. Доколку не се направи таа разлика, тој концепт би имал само агонистичка перспектива од која страда демократијата, бидејќи ја намалува можноста за демократски компромис и делиберација

Кон таа насока за зајакнување на владеењето на правото, е и донесувањето на пресудата за предметот „27-ми април“ кој беше своевиден тест за македонското правосудство кој го помина со задоволителен резултат. Свесни сме дека предметот беше на некој начин обеспокоен во јавноста од страна на различни актери, што кулминира со донесувањето на Законот за амнестија – кој беше крајно правно нелогичен, но од друг аспект политички прагматичен и кој сериозно ја поткопа разделеноста меѓу властите. Предметот имаше финале кое беше клучно за спознавање на карактерот на процесот. Тоа финале понатаму има развојна формирачка линија не само кон зацврстување на демократското владеење во државата, туку и кон пристапот на македонското правосудство кон сериозните кривични дела и тестот на издржливост.

Меѓутоа борбата за воспоставување на хегемонија на вледеењето на правото не застанува овде, туку даа е флуидна категорија која ги опфаќа и поништување на клучни законски решенија кои во долгосежен рок ќе ја продлабочат кризата за реформа. Имено Уставниот суд би требало да има проактивна улога и да пресечи во два клучни сегмета кои го изигруваат јавниот интереси интересите на кривичната правда при што се спротивни на тврдењата и толкувањата на судот во Стразбур, дадената правна природа, како и правната доктрина на Радбрух во која се тврди дека доколку законот или друг акт ја попречува правдата и справедливоста – истиот треба да се смета за неважечки од судот во интерес на правдата и јавниот интерес.
.
Во општа смисла потребно е да се расчисти со дадените помилувања на Иванов за кои сеуште се активни во и се покажаа како сериозен проблем во постапката за екстрадиција на побегнатите осомничени (обвинети) за предметот или мегаскандалот со прислушувањето. Оттука потребно е изнаоѓање на правно финале кое помилувањата појасно ќе ги прогласи за незаконски.

М-р Андреј Божиновски,
Правен советник

© ЖУРНАЛ    ~57,19

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
Заедничкиот кандидат само на хартија
Силјановска не ѝ верува на Давкова
Раско и Џордана
Мојот фаворит е Стево
Шут политика
Умните наспроти мнозинството
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.