МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
МВР е подготвено да обезбеди безбедна атмосфера за време на гласањето, тврди Спасовск..
Филипче: Процентот на вакцинирани деца уште е мал, особено надвор од Скопје
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Култура
Натпревар на свечени фустани: Виенскиот бал во Скопје прослави јубилеј

Натпревар на свечени фустани: Виенскиот бал во Скопје прослави јубилеј

недела, 17 март 2019, 11:05ч.   |   L.E.

Виенскиот бал кој традиционално се одржува во хотелот „Александар Палас“, сношти прослави 20 годишен јубилеј.

Моделот Дунафка Трифуновска

И годинава, Скопје го живееше духот на Виена, танцувајќи со звуците на оркестарот „Јохан Штраус“ со кој диригираше Бисера Чадловска.


За дамите, балот секоја година е натпревар на тоалети, шминка и фризури. Овој пат за разлика од претходните години кога гледавме гостинки со необичен имиџ, ниту една не го прекрши правилото на облекување, долга свечена тоалета.


Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица

Балот, кој го организира Здружението за културна соработка Јохан Штраус, со поддршка на заедничкото покровителство на амбасадата на Република Австрија и Владата, имаше хуманитарен карактер. Во текот на вечерта беше организирана добротворна лотарија. Собраните средства и дел од средствата од билетите, беа доделени на Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ .


Пејачката и професорка по соло пеење Искра Трпева- Арсовска

Настанот го отворија танчари на Танцовиот клуб „Прима Данца“ со атрактивни танцови точки, како и првенците на Балетот при МОБ Саша Ефтимова и Ендру Кук.

 

Австриската амбасадорка Ренате Коблер со професор др. Никола Јанкуловски

Гостите уживаа во настапите на ЗЏМ Биг Бенд, Арт Бенд, Џон Илија Апелгрен, Дејан Бобиќ -Дексо и Лина Авшар. Ексклузивни гости беа танчарите од Танцовата школа Елмајер од Виена. Водителка на Балот беше Вера Мештеровиќ.

© ЖУРНАЛ    ~43,15

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Шест романи во трката за „Роман на годината“
Краток филм на Елеонора Венинова ќе се прикаже на Кан
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
Почина македонскиот виолинист и концерт мајстор во Македонската опера и балет – Ѓоко Николовски
Натпревар на свечени фустани: Виенскиот бал во Скопје прослави јубилеј
Плати со поезија по 5-ти пат го разубави Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.