МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Заев: Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да го послушаат Мицкоски за бојкот и ..
Пендаровски: Благодетите од Договорот со Грција веќе се чувствуваат во Гевгелија
Занимиливости
Експонати на Џорџ Мајкл продадени за 9,3 милиони фунти

Експонати на Џорџ Мајкл продадени за 9,3 милиони фунти

недела, 17 март 2019, 10:59ч.   |   L.E.

Уметнички експонати од современи автори, кои ги поседувал починатиот поп пејач Џорџ Мајкл, на неодамна одржана аукција се продадени за неверојатни 9,3 милиони фунти.

Колекцијата на уметничките дела на пејачот вклучува, меѓу другото, и акти на влијателни уметници како што се Трејси Емин и Демиан Хирст.

Највисока цена на аукцијата достигна делото на Хирст, со оригинално име „The Incomplete Truth“ од 2006 година, кое се состои од гулабица зачувана во формалдехид. Имено, тој експонат достигнал цена од 911.250 британски фунти.

Џорџ Мајкл, кој почина на 53-годишна возраст во декември 2016 година, беше страстен колекционер на дела од Младото британско уметничко движење, а исто така беше и пријател со многу уметници.

Собраните средства од продажбата на делата ќе бидат наменети за финансирање на филантропски организации, кои поп ѕвездата ги поддржувал.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
Ова чудо се појавило на плажа и ги изненадило биолозите (Фото)
"Ми се закануваат со смрт" - Манекенката се соочува со сериозни навреди поради нејзиниот изглед
На Гинекологија се роди најголемото бебе родено во државата
Девојче остана живо по пад од 26 кат (Видео)
Шок на венчавката: Младоженецот го уапсиле, а невестата веќе била мажена!
Кога се мачите да донесете одлука, поставете си го само ова прашање
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.