МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Хан: Северна Македонија е единствената земја во регионот што нема спор со ниту еден с..
Медиумите до утре треба да поднесат извештај за рекламите за избори
Џафери воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, чека конкретна иниција..
Изминатата недела најмногу заболени од морбили од почетокот на епидемијата
Култура
Промоција на книгата поезија „Крв и злато“ од Ендре Ади

Промоција на книгата поезија „Крв и злато“ од Ендре Ади

петок, 15 март 2019, 12:46ч.   |   L.E.

 Промоција на книгата поезија „Крв и злато“ од несомнено најголемото книжевно име на Унгарија во 20. век, Ендре Ади, ќе се одржи вечерва во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“.

Изданието е на „Матица македонска“, а се совпаѓа со одбележувањето на стогодишнината од смртта на Ендре Ади, во знак на почит на високите книжевни вредности. Поетската книга „Крв и злато“ содржи избор на стихови од Ендре Ади, на македонски јазик, во препев на македонскиот поет Паскал Гилевски.

Во неговата родна Унгарија годинава се организираат низа чествувања и научни собири, а ќе бидат објавени и критички изданија од богатото творештво на овој автор, со толкувања на врвни познавачи на неговото дело.

– Преку длабоките и емотивни пораки, создадени во духот на народната традиција, Ендре Ади воспостави јасни тематски релации, а народниот дух го воздигна на високо рамниште. Како поет на чистата и непосредна чувствителност кон љубовните и социјалните теми, во поезијата ја внесе лирската емотивност и чувствителност и ја афирмира самосвојноста на поетскиот глас – се наведува за поезијата на унгарскиот поет.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Конкурс за „Пегаз" – нова книжевна награда за необјавен роман
Утре почнува саемот на книгата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.