МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Хан: Северна Македонија е единствената земја во регионот што нема спор со ниту еден с..
Медиумите до утре треба да поднесат извештај за рекламите за избори
Џафери воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, чека конкретна иниција..
Изминатата недела најмногу заболени од морбили од почетокот на епидемијата
Култура
Промовирана македонската култура и традиција, АКУД Мирче Ацев поздравен со овации во Сицилија

Промовирана македонската култура и традиција, АКУД Мирче Ацев поздравен со овации во Сицилија

петок, 15 март 2019, 12:45ч.   |   L.E.

 Академското културно-уметничко друштво за народни песни и ора ,,Мирче Ацев"- Скопје беше дел од 74. Меѓународен фолклорен фестивал ,,Mandorlo in Fiore" кој се одржа во Агриџенто, Сицилија. За време на бројните настапи, како и во текот на раскошните дефилиња кои се оддржаа низ улиците на стариот град, АКУД-от блесна во сјај презентирајќи дел од богатиот репертоар на игри и песни од различни краишта на земјата. Според проценката од организацијата, фестивалот го проследиле околу 100.000 гледачи кои имаа можност да уживаат во народниот мелос и учесниците ги наградија со бројни овации.

,,Mandorlo in Fiore" е еден од најголемите фестивали кои се под покровителство на УНЕСКО. На овогодинешниот настан учествуваа 18 земји од целиот свет меѓу кои Боливија, Белорусија, Јужна Кореа, Либан, Црна Гора, Индија, Мексико, Колумбија.

Оваа година друштвото одбележува 70 години постоење. Планирани се многубројни настапи и концерти, а воедно и одржување на Меѓународниот фолкорен студентски фестивал кој годинава ќе се одржи по 40ти. пат.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Конкурс за „Пегаз" – нова книжевна награда за необјавен роман
Утре почнува саемот на книгата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.