МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Xроника
Во Скопје 13 сообраќајни незгоди, две со тешки телесни повреди

Во Скопје 13 сообраќајни незгоди, две со тешки телесни повреди

петок, 15 март 2019, 12:25ч.   |   L.E.

Скопје, 15 март- Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се санкционирани 27 возачи за брзо возење, пет биле под дејство на алкохол, 13 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди, од кои во две со тешки телесни повреди се здобиле двајца возачи и еден сопатник, во седум сообраќајки со лесни телесни повреди се здобиле девет лица, а во четири е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција издала 116 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 89 возила.

Од сообраќај се исклучени шест нерегистрирани возила и две технички неисправни. На црвено светло поминале двајца возачи, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи не користеле сигурносен појас и 23 користеле мобилен телефон.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во ПОУ „Александар Македонски“ на подрачјето на општина Аеродром, со ученици од второ одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Синот на Илчо Захариев пронајден мртов
Возило удри во мајка и ќерка кај Трубарево
Починато лице пронајдено во објект во Бутел
НЛБ Банка се огласи по вооружениот грабеж, средствата на нашите клиенти се сигурни
Прегазен пешак во Ново Лисиче, загина на самото место
Актерката Билјана Белицанец најдена мртва
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.