МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Шоубиз
Концертна промоција на новиот албум на „Сетстат“

Концертна промоција на новиот албум на „Сетстат“

четврток, 14 март 2019, 13:14ч.   |   L.E.

Концертна промоција на новиот албум на „Сетстат“Објавено пред 3 часа - 14 март, 2019Од Макфакс

Искусната скопска џез-формација „Сетстат“, утревечер, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“, ќе го промовира во живо својот 9. албум – IX9. Дискографската куќа ПМГЏЕЗ, која е разгранок на „ПМЏ рекордингс“ го издаде овој албум, како и претходниот осми албум на „Сетстат“ со наслов „Се плашам од Македонци“.

„Соработката со ПМГЏЕЗ е нова инспирација за ‘3 гонга’. Затоа и го организираме овој концерт со сплотени сили. ‘Сетстат’ е мислата, изразот на нашата генерација. Секој нивен албум е своја приказна. Тие го отсликуваат нивното, нашето скопско секојдневие и искрено се надевам дка нивното музичко секојднение ќе го пренесат и на надоаѓачките генерации. Нашата посветеност како ‘3 гонга’ е музиката преку која сакаме, заедно со сите што творат во земјата, да оставиме длабок печат зад себе. Како што и името е во чест на радиоемисијата која во свое време остави длабока трага кај тогашните генерации и беше креатор на јавното музичко мислење, во овој период ‘3 гонга’ има цел она што порано имало можност само да се слуша на носач на звук, сега и да се слушне и види во живо“, вели Александар Пејчиновски од „3 гонга“.

Музичарите Владан Дробицки на тромбон, Павел Дробицки на бас, Панче Бујуклиев на клавијатури, Гоце Наумов на тапани и Васко Бојаџиски на саксофон, како што ги нарекуваат – титани на современата македонската џез-музика, утревечер ќе го отсвират новиот албум со надеж дека повторно ќе ги оправдаат очекувањата на џез-публиката, која веќе ги доживува како еден од најискусните и најквалитети изведувачи на македонската џез-сцена.

„’Деветка’ без трошка сомнеж е досега нивниот најкомплетен и најзрел албум. Обмислена, студиозно компонирана, аранжирана и виртуозно отсвирена музика. Од болно убави музички парчиња до длабоко екпериментални импровизации. Од фуриозни панк-фанк бркотници до грациозни емоционални мигови. Нивната музика е хармонично и смирено аранжирана лаконски фрлајќи ни по некој поглед долу нам, масовно хистерични во нашата опседнатост со дневна политика и антиклимакс на личноста. ‘Сетстат’ е бенд кој темелно и сериозно си ја остварува самопоставената задача, а тоа е вајање музички дела од супстанција во време и место што нема капацитет за супстанција. Нивните намери се брутално музички, чисти до болка и кореспондираат директно со универзалноста на музиката како јазик“, вели Мирко Попов од ПМГЏЕЗ.

Влезниците може да се набават преку продажните мрежи на kupikartizase.com и karti.com.mk по цена од 250 денари, непосредно пред почнувањето на концертот на билетарницата цената ќе биде 300 денари.

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Прва слика на водителката откако автобусот и ја „иcкopна“ раката!
Наташа Беквалац: Ми беше љубов 18 години, заспа и повеќе не се разбуди
Теа Трајковска се соблече топлес (Фото)
Даниел Кајмаковски се разведува од сопругата Кристина
Телото на починатата Беличанец го пронашол сопругот во неговиот стан
Пејачот Адријан Гаџа го отвора најскапиот ресторан во Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.