МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Можно решение за законот за јавно обвинителство прифатливо за сите
Рашковски: Република Северна Македонија на фасадата на Владата по изборите
За двајца технички експерти за следење комуникации се пријавиле седум луѓе
Катица Јанева и Ленче Ристоска на дневен ред на Советот на јавните обвинители
Култура
„Тесен пат кон далечниот север“ нова книга од Ристо Лазаров

„Тесен пат кон далечниот север“ нова книга од Ристо Лазаров

четврток, 14 март 2019, 12:42ч.   |   L.E.

Тесен пат кон далечниот север” е насловот на новата поема од Ристо Лазаров што излезе од печат деновиве во издание на „Везилка 2011”.

Оваа поема, компонирана во седум пеења, го носи истиот наслов на драмата на Едвард Бонд играна во МНТ во 1972 година во режија на Владимир Милчин, како и на романот на Ричард Фланган, добитник на Букеровата награда во 2014 година.

Во обемниот поговор кон оваа поема, писателот и есеист Томислав Османли подвлекува дека „Тесен пат кон далечниот север ” е творба која тргнува и трогнува, и стежнува не поради фантасмагорискиот материјал чии слики и чувствувања јакнат во текот на стихуваната темна хроника без одредиште.

-Таа е полна со метафизички слики и богата со фигури, и од дел во дел израснува во една голема, знаменита, темна песна, густа и тешка како нашата празнина и небитница за кои со право и без заобиколување Лазаров критички пее. Подобро речено, крикнува. Тоа е огласен, крикот што во себе го чувствуваме сите, но во нас е нем, а во „Тесен пат кон далечниот север” е изнедрен во многу релевантна филозофска, метафизичка поетска творба, наведува Османли.

Импресивни се, продолжува Османли, токму метафизичките слики кои авторот ги создава во својата нова творба и кои се рамни на големите мајстори на фантасмагориската уметност, сликарска и литературна.

„Тесен пат кон далечниот север” е петта книга во годинашнава зимска едиција на „Везилка 2011”.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Руската зима во кинотека почнува со „Ана Каренина: Приказната на Вронски“ на Шахназаров
Шест романи во трката за „Роман на годината“
„Медена земја“ прогласен за најдобар светски документарец на „Санденс“
„Медена земја“ ќе ја смени перцепцијата за македонскиот филм
Операта „Хофманови приказни“ во МОБ
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.