МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Можно решение за законот за јавно обвинителство прифатливо за сите
Рашковски: Република Северна Македонија на фасадата на Владата по изборите
За двајца технички експерти за следење комуникации се пријавиле седум луѓе
Катица Јанева и Ленче Ристоска на дневен ред на Советот на јавните обвинители
Xроника
Девет сообраќајки вчера во Скопје, пешак се здобил со тешки телесни повреди

Девет сообраќајки вчера во Скопје, пешак се здобил со тешки телесни повреди

четврток, 14 март 2019, 12:19ч.   |   L.E.

Cкопје, 14 март- Пешак се здобил со тешки телесни повреди, а едно лице е полесно повредено во две од вкупно девет сообраќајки во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала 32 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 12 пред да се стекна т со право на управување на моторно возило, и двајца почетници, како и две технички неисправни и 16 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајва возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, еден возач за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач за не користење заштитен шлем, тројца возачи за не носење сигурносен појас и 20 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 120 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 97 возила.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во ООУ „Гоце Делчев“ на подрачјето на општина Аеродром, со ученици од второ и четврто одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас).

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Нови детали за смртта на девојката во скопско Волково
Скопјанец ја силувал 13-годишната ќерка, девојчето само пријавило во полиција
Излетал од патот, удрил во дрво, па во паркирани автомобили среде центарот на Скопје- три лица се повредени
Бомба во „Мавровка“, оштетени локали
Прегазено девојче кај „Џамбо“
Шестнаесет годишно девојче на сила било внесено во автомобил
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.