МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Митко Чавков беше приведен на мафијашки начин со измислена службена белешка

ВМРО-ДПМНЕ: Митко Чавков беше приведен на мафијашки начин со измислена службена белешка

четврток, 14 март 2019, 11:19ч.   |   Xh.I.

Македонија е заробена држава, заробена од заевизмот, систем на владеење кој ги укина правната држава и владеењето на правото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, мафијашкото владеење на Зоран Заев и неговиот клан се базира врз политички прогон на неговите неистомисленици.

„Доказ за политичкиот прогон во Македонија е и преседанот со апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој беше приведен на мафијашки начин со измислена службена белешка и покрај дадената парична гаранција, само неколку дена пред да биде изречена пресудата за политички монтираниот случај за 27 април“, стои во партиското соопштение.

Како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Кацарска-судството и Русковска-обвинителството се симболи на заевизмот и симбол на неостварените ветувања за правда во Македонија.

„Правото и правдата во Македонија мора да се вратат. На заевизмот, кој е реминисценција на криминалната транзиција, мора да му се стави крај. Победата на Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори ќе го најави враќањето на правото и правдата во Македонија“, велат од партијата и додаваат дека правната држава ќе се врати во моментот кога Заев ќе стане минато на македонската политичка сцена.

© ЖУРНАЛ    ~40,14

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.