МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Македонија
Неисправни сопирачки и преголема брзина главни причини за несреќата кај Ласкарци

Неисправни сопирачки и преголема брзина главни причини за несреќата кај Ласкарци

четврток, 14 март 2019, 11:18ч.   |   Xh.I.

Неисправни сопирачки на автобусот и недозволена брзина на движење како и пропусти во работењето на компанијата се главните причини за несреќата кај Ласкарци што се случи на 13 февруари, а во која загинаа 15 лица, соопшти обвинителот Сашо Рајчев од скопското обвинителство.

„Според вештите наоди и мислења, евидентирани се кочења откако автобусот ја преминал заштитната ограда во двете насоки. Но брзината не му овозможила да го сопре автобусот пред да падне“, рече Рајчев.

Истрагата покажала дека возачот се движел со брзина од 99 километри на час, иако на автопатот било дозволено возење со 80 километри на час и дека го активирал уредот за манипулација на тахографот за да не ја прикаже вистинската брзина на движење. Поради големата брзина, тој изгубил контрола и паднал со автобусот во бездна.

Рајчев соопшти дека седум лица се приведени во врска со несреќата, меѓу нив се и возачот на автобусот и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“. Шестмина се осомничени за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а седмото лице е осомничено за несовесно работење во службата. Сите седуммина денеска ќе бидат изведени пред суд. За шестмина обвинителството побара притвотр, а за седмоосомничениот побара определување мерки за претпазливост.

Сопственикот на „Дурмотурс“ е првоосомничен. Тој не го организирал автобускиот превоз врз основа на законските прописи и го препуштил раковедењето на возниот парк на второосомничениот – раководителот на правното лице. Според истрагата, сопственикот не водел грижа за исправноста на тахографот. Исто така, и двајцата знеле дека не е исправен уредот за сопирање, ама не презеле ништо.

Трето, четврто и петтоосомничени се вработени во станица за технички преглед. Во јули и декември 2018 бил извршен технички преглед на автобусот и било видено дека има проблем со сопирачките, но сепак издале документ дека автобусот е исправен.

Шестоосомничен е возачот, а седмото лице е осомничено дека издало птоврда дека тахографот во автобусот е исправен без да спроведе проверки.

© ЖУРНАЛ    ~69,23

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.