МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Хан: Северна Македонија е единствената земја во регионот што нема спор со ниту еден с..
Медиумите до утре треба да поднесат извештај за рекламите за избори
Џафери воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, чека конкретна иниција..
Изминатата недела најмногу заболени од морбили од почетокот на епидемијата
Економија
СДСМ: По рекордниот раст на просечната плата од 8,1 процент, априлската минимална плата расте за 3,3 проценти

СДСМ: По рекордниот раст на просечната плата од 8,1 процент, априлската минимална плата расте за 3,3 проценти

среда, 13 март 2019, 13:01ч.   |   L.E.

Скопје, 13 март- „Mинималната бруто плата од април оваа година се усогласува согласно Законот за минимална плата и се зголемува за 3,3%. По рекордниот раст на просечната плата од 8,1 проценти со ова усогласување и зголемување минималната плата ќе изнесува 17.943 денари, односно 12.507 денари во нето износ“ велат од СДСМ.

Од партијата со став дека „Минималната плата се усогласува со по една третина од порастот на просечно исплатената плата, трошоците на живот и бруто домашниот производ. Растот на просечната плата во декември 2018 од 8,1 отсто е најголем раст на просечната плата во последните девет години“.

„Просечната плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 што се речиси 2.000 денари повеќе отколку во 2017 година. Трендот на зголемувањето на платите продолжува и оваа година и тоа во сите сектори. Со водењето на добри економски политики, како и трендот на раст на платите се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, во семејствата, се подобрува животниот стандард кај граѓаните“ - велат од СДСМ.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
Поскапуваат горивата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар
РКЕ: Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат ако живеат во нив
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.