МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Судот забрани продажба на книгата „До атентатот и по него“, за авторот Андов ова е „н..
Кандидатурите на Пендаровски и Силјановска за претседател доставени во ДИК
Шилегов: Оваа пролет ќе бидат засадени 1.200 дрвја во сите скопски општини
„Македонија-Блокира“ со кривична пријава против ДИК за Филип Петровски
Шоубиз
Очајната домаќинка Фелисити Хофман ноќеска однесена во затвор

Очајната домаќинка Фелисити Хофман ноќеска однесена во затвор

среда, 13 март 2019, 13:11ч.   |   L.E.

 Познатата актерка Фелисити Хофман која толкуваше една од главните улоги во популарната серија „Очајни домаќинки“ ноќеска беше уапсена за мито поради сомневање дека платила голема сума пари за да им помогне на нејзините ќерки да добијат подобри резултати на тестот SAT.

Актерката, заедно со 50 други луѓе меѓу кои и познати личности, се сомничат дека направиле измама, односно дека платиле повеќе од 15.000 долари на некој за тајно да им ги смени одговорите што нивните деца ги дале на познатиот SAT испит.

 

Според обвинувањата, Хофман и нејзиниот сопруг Вилијам Мејси дале дури половина милион долари за нивните ќерки да бидат запишани на престижниот Универзитет во Јужна Калифорнија.

Актерката ноќеска е ослободена со кауција од 250.000 долари, а морала да го предаде и пасошот на властите за да не излезе од земјата.

Според сајтот ТМЗ, актерката била уапсена доцна во ноќта кога неколку агенти на ФБИ се појавиле вооружени во нејзината куќа и ја повикале веднаш да се предаде.

 

Во овој бран апсења беше приведен и сопругот на познатата актерка Лори Лохлин, Мосимо Џанули кој се сомничи за истата измама, а кој морал да плати и повеќе од еден милион долари за кауција.

Веднаш штом се врати во земјата, уапсена ќе биде и Лохлин, бидејќи обвинувањата се однесуваат и на неа. Се очекува да биде приведена во текот на денешниот ден.

Инаку, во федералните документи се вели дека најголем дел од уапсените давале мито за подобри резултати на приемните тестови или лажирале дел од информациите во резимето потребно за прием во факултетските спортски тимови.

 

Конкретно, документите за Фелисити велат дека таа му платила голема сума на пари на човекот што ги надгледувал студентите за да ѝ помогне, односно да ѝ реши голем дел од прашањата за да постигне што е можно подобар резултат, а поправени биле и информациите во нејзиното резиме кое требало да биде беспрекорно за да биде дел од тимот на универзитетот.

Поради ова, огромна сума на пари веднаш откако ќерката на актерката го добила писмото за прием биле исплатени на организацијата Key Worldwide Foundation за чиј сопственик се смета дека бил „умот“ на скандалот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во медиумите првин се појави фотографија од дијамантскиот прстен, за потоа пејачката на својот Инстаграм профил да сподели и други.

 

 

 

И Алекс Родригез се обрати преку социјалните мрежи:

 

„Нема многу зборови да споделам со вас, само емоции. Благодарност. Возбуда. И само… радост. Знаеме дека ни претстои работа за да продолжиме да градиме семејство и иднина на кои ќе бидеме горди, а тоа не го можеме без сите вас. Многу сме благодарни за сите ваши пораки полни со љубов и честитки“, вели спортистот./Reporter.mk.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Македонската естрада доби “бомба” во вистинска смисла на зборот! (Видео)
Ми ставија нож под грло да се појавам во спот: Владо Jаневски го прекрши правилото
„Чувствував дека нешто ќе се случи“: Ова се првите зборови на сопругата на Шабан Шаулиќ по сообраќајната несреќа
Тошиќ „полудел“ откако анонимно го добил видеото од „жешката акција“ на Карлеуша и неговиот колега
Сопственикот на клубот во Германија ги откри последните зборови што му ги кажал Шабан
Нова трагедија во семејството Шаулиќ: По смртта на Шабан семејството повторно завиено во црно
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.