МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Можно решение за законот за јавно обвинителство прифатливо за сите
Рашковски: Република Северна Македонија на фасадата на Владата по изборите
За двајца технички експерти за следење комуникации се пријавиле седум луѓе
Катица Јанева и Ленче Ристоска на дневен ред на Советот на јавните обвинители
Македонија
Рама: Северна Македонија е пријател и стратешки незаменлив партнер за Албанија

Рама: Северна Македонија е пријател и стратешки незаменлив партнер за Албанија

среда, 13 март 2019, 12:58ч.   |   Xh.I.

Република Северна Македонија за нас не е само земја сосед, туку и пријател и стратешки незаменлив партнер, изјави албанскиот премиер Еди Рама на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, кој престојува во официјална посета на Албанија.

– Односите меѓу двете земји се базираат на трајни принципи и вредности, кои не обединуваат како држави, кои и припаѓаат на Европа и кои ќе бидат заедно во европското семејство, изјави Рама, пренесува агенцијата АТА.

Нагласи дека посетата на премиерот Заев доаѓа во момент на значајното историското постигнување како што е Преспанскиот договор и отворањето на патот за Северна Македонија кон НАТО, за што, потсетува, Албанија веќе го ратификуваше Протоколот за пристапување во Алијансата.

– Ова големо историско достигнување е плод на лидерството на Заев и на нашиот заеднички пријател Ципрас. Со Договорот од Преспа беше надминат долгогодишниот ќорсокак и се отвори патот за членство на Северна Македонија во НАТО. Тоа исто така создаде и голема позитивна енергија за натамошен напредок на заедничкиот пат за интеграција во ЕУ, истакна меѓу другото Рама.
 

© ЖУРНАЛ    ~18,6

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Досие Силјановска Давкова: Од министер на Црвенковски до претседателски кандидат на Мицкоски
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.