МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Регион
Медицински сестри замениле бебиња во болница во БиХ

Медицински сестри замениле бебиња во болница во БиХ

среда, 13 март 2019, 12:56ч.   |   Z.H.

 Шок во Босна и Херцеговина по скандалот што се случил во болница во Новa Била, во која поради невнимание на медицинските сестри биле заменети новороденчиња. Замената се случила пред два месеци, но информацијата дури сега излегла во јавноста.

 
Како што било наведено во анонимно писмо, испратено до редакцијата на „Дневни аваз“, медицинските сестри наводно, за време на бањањето ги замениле нараквиците на бебињата истиот ден , а мајките лежеле во иста соба.
 
Според информациите, едната мајка, пред излегување од болницата забележала дека бебето, кое ѝ било вратено по бањањето, има значително повеќе коса. Медицинските сестри ѝ рекле дека греши и ја испратиле дома.
 
Грешката била откриена сосема случајно, кога по неколку дена, бебето било донесено на редовна контрола. Докторот забележал дека тежината на бебето не се совпаѓа со моменталната состојба и дека тоа што го пишувало во отпусното писмо е невозможно детето толку многу да порасне за само неколку дена.
Докторот потврдил дека се случила замена на бебињата.
 
„Замената траше само еден час, а не неколку дена. Сестрата по грешка ги заменила нараквиците. Кога жените си заминале, ја воочивме грешката и ги повикавме“ тврди докторот.
 
Тој нагласил дека главната сестра е казнета и сменета од позицијата.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
Српски научник пронајде лек за рак
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.