МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Можно решение за законот за јавно обвинителство прифатливо за сите
Рашковски: Република Северна Македонија на фасадата на Владата по изборите
За двајца технички експерти за следење комуникации се пријавиле седум луѓе
Катица Јанева и Ленче Ристоска на дневен ред на Советот на јавните обвинители
Здравје
Победете ја главоболката со храна

Победете ја главоболката со храна

среда, 13 март 2019, 12:52ч.   |   L.E.

Непријатното чувство во главата, постојаната болка, мачнини, замаглување на видот, сите овие тегоби се исцрпувачки. Мигрените и главоболките влијаат врз милиони луѓе ширум светот. Стресот, напнатите мускули и анксиозноста најчесто се причинители за главоболка, но сепак хидрацијата и исхраната се од исклучитено значење.

Нутриционистката Ребека Готорн открива едноставни трикови кои значително ќе ја намалат шансата за појава на главоболка.

Хридрацијата е клучот

-Дехидрацијата е основната причина која предизвикува главоболка, таа доведува до тоа мозокот да се „повлече“ од черепот- објаснува нутриционистката Готорн, додавајќи дека тоа е клучниот момент кога се појавува главоболка. Поради тоа на жените најчесто им се препорачува да пијат најмалку осум чаши вода дневно, а за мажите десет.

Јадете свежа храна

Свежата храна е само уште една причина плус да избегнувате готови намирници во исхраната.

-Мигрените се поврзани со консумирање адитиви во храната, некои од нив ги прошируваат крвните садови и на тој начин предизвикуваат главоболки- вели нутриционистката Готорн.

Таа советува да се избегнуваат готови намирници, а наместо тоа препорачува да се фокусираме на свежата храна- овошје, зеленчук, житарки и протеини.

Намалете го внесот на шеќерот

Прекумерната доза на шеќер го зголемува нивото на шеќер во крвта, а веднаш потоа го намалува, што влијае на константно ниво на гликоза, кое е потребно за мозокот да функционира, па тогаш се јавуваат главоболки, објаснува нутриционистката.
Не мора целосно да го отфрлите шеќерот од исхраната, но доколку често имате главоболки, секако би требало да го намалите внесот на шеќер или заменете го со мед.

Слушајте ги сигналите на гладта

Веќе е познато дека напнатоста во мускулите може да биде причинител за мигрена и главоболка, а ова се случува токму тогаш кога телото ќе остане без „гориво“. Изгладнувањето доведува до затегнување на мускулите, оставајќи го телото во состојба на напнатост.

-Сите ние сме зафатени, но значително важно е редовно да јадеме. Доколку знаете дека нема навреме да го изедете следниот оброк, тогаш подобро е да изедете нешто богато со растителни влакна, како цели житарки, зелечук, овошје и зрнеста храна, за да бидете сити – порачува нутриционистката.

Исто така, секогаш пронајдете време меѓу главните оброци да изедете овошје или јаткасти плодови, на тој начин ќе му ја дадете потребната енергија на вашето тело.

Внесувајте пробиотици

-Неодамна спроведена студија покажа дека пробиотиците помагаат во ублажување на мигрените. Стомакот е поврзан со мозокот, па консумирањето на пробиотските намирници, како јогурт или комбуха, помагаат во одржување на балансот на здравите бактерии во цревата, со што се намалуваат главоболките- вели Готорн.

Запомните дека сите регираме различно

Речиси сите имаме различен причинител за појава на главоболки, кога станува збор за храната треба да го слушаме своето тело колку може повеќе. Се препорачува да се води дневник, во кој ќе се води сметка што се внесува во организмот, бидејќи така подобро ќе успеете да го одредите чувството поврзно со намирниците кои ги внесувате.

-Доколку често имате главоболки, запишувајте што јадете и со сигурност ќе воочите што ви предизвикува главоболка- е главната порака на нутриционистката.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Испијте само една голтка од ова секое утро и црниот дроб ќе ви биде благодарен
Никако не ги комбинирајте овие производи: Поради овие грешки ви страда желудникот!
Ве мачи киселина во желудникот по само една чаша кафе
Еве што ќе ви се случи ако секој ден јадете по две банани
Грешки кои ги правите со витамините, а за кои не сте ни свесни
Го штитат црниот дроб и го забрзуваат метаболизмот: Киселите краставички се моќни чувари на здравјето!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.