МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Свет
Со месеци пред несреќата пилоти се жалеле од „боингот 737 макс 8“

Со месеци пред несреќата пилоти се жалеле од „боингот 737 макс 8“

среда, 13 март 2019, 12:51ч.   |   Z.H.

 Со мeсеци пред авионската несреќа, која во неделата се случи во Етиопија, а во која загинаа 157 лица, кај американските федерални власти пилоти се жалеле од авионот „боинг 737 макс 8, објави „Њујорк пост“.

 
Имено, жалбите ги поднеле пилоти што со тој авион летале во октомври и ноември 2018 година.
 
Според пишувањата на „Далас морнинг њус“, сите приговори биле прифатени во федералната база на податоци.
 
Поплаките се однесувале на проблеми со авионите „макс 8“, кои при полетувањето користат автопилот. Имено, пилотите во низа жалби навеле дека непосредно по полетувањето, авионот покажува тенденција со клунот да се навалува кон земјата.
 
„Фактот дека овој авион бара толку многу работа за да биде во состојба за летање, дефинитивно, е предупредување“, напишал еден од пилотите во својот приговор.
 
Исто така, пилотот додава дека е несфатливо како федералните власти, заедно со авиокомпаниите, и натаму им дозволуваат на пилотите да летаат со авионите притоа не објаснувајќи им по што „макс 8“ се разликува од другите авиони.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Норвешката министерка за здрвство порача: Пушете и пијте колку сакате
Русија ја коментираше победата на комичарот на претседателските избори во Украина
Фото: Едно лице е убиено, а седум се ранети, во инцидентот со пукање во училиште, во САД
Ким ја напушти Русија четири часа порано
Голема трагедија ја скрши Меркел
Украински министер кажа дека ќе влезе во Москва со тенкови, Русите одговорија со иронија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.