МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Можно решение за законот за јавно обвинителство прифатливо за сите
Рашковски: Република Северна Македонија на фасадата на Владата по изборите
За двајца технички експерти за следење комуникации се пријавиле седум луѓе
Катица Јанева и Ленче Ристоска на дневен ред на Советот на јавните обвинители
Свет
Евростат: Европјанките го раѓаат првото дете на 29 години

Евростат: Европјанките го раѓаат првото дете на 29 години

среда, 13 март 2019, 14:51ч.   |   Z.H.

 Наталитетот во Европската Унија бележи мал пад во 2017, во споредба со претходната година, при што највисока е стапката во Франција, а најниска во Малта, јави дописничката на МИА од Брисел.

 
Вкупната стапка на прираст во ЕУ била 1,59 раѓања по жена во 2017 и 1,60 во 2016 година, додека возраста на мајките при раѓањето на првото дете продолжува бавно, но сигурно да расте, констатира Евростат. Во 2017, жените во ЕУ во просек го раѓале првото дете на 29,1 година, додека во 2013-та на 28,7 години.
 
Најдоцна раѓааат жените во Италија, Шпанија, Луксембург, Грција и Ирска, а најрано во Бугарија, Романија, Летонија, Словачка и Полска.
 
Највисоката стапка на раѓање и натаму имаат француските мајки со 1,90 деца по жена, по што следуваат Шведска, Ирска и Данска. Најмалку деца раѓаат жените во Малта, Шпанија, Италија и Кипар.
 
Во просек во ЕУ, стапката на жени кои го родиле своето прво дете пред дваесетта година (мајки тинејџерки) изнесува пет отсто. Меѓутоа, оваа бројка е многу повисока во Бугарија и Романија, каде достигнува речиси 14 отсто. Најниска е во Данска, Италија и Словенија, каде е помала од два отсто.
 
Евростат посочува и дека во 2017 година, над 80 отсто од новороденчињата биле прво или второ дете, додека пак 12 отсто биле трето дете. Највисока стапка на жени кои родиле трето или четврто дете има Финска со 10,3 отсто, потоа Ирска со девет проценти, па Велика Британија, Словачка и Белгија, сите со по околу осум отсто.

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Помпео во Унгарија: САД нема да дозволат Путин да направи раздор во НАТО
Најмалку пет лица загинаа во пожар во стан во јужна Германија
Демократите во Вирџинија ги тресат расистички и секс скандали
Стотици возачи во Британија ноќта ја минаа по автомобили и пабови
Британија, Шпанија, Франција и Шведска го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела
Закани за поставени бомби во 130 објекти во Московскиот Регион
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.