МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Можно решение за законот за јавно обвинителство прифатливо за сите
Рашковски: Република Северна Македонија на фасадата на Владата по изборите
За двајца технички експерти за следење комуникации се пријавиле седум луѓе
Катица Јанева и Ленче Ристоска на дневен ред на Советот на јавните обвинители
Технологија
Официјално LG V50: Првиот 5G смартфон на компанијата е тука!

Официјално LG V50: Првиот 5G смартфон на компанијата е тука!

среда, 13 март 2019, 12:41ч.   |   L.E.

 Повторно, шпекулации и информации кои изгледаа сомнително се покажаа точни. Иако малку чудно, LG оваа година претстави два премиум уреди. Првиот се разбира, беше во G серијата, но како мало изненадување компанијата го претстави и V50 ThinQ 5G..


Во однос на дизајнот, навистина се надевавме дека LG ќе претстави нов и малку поинаков дизајн, но изгледа дека нема големи разлики меѓу V50 и V40.

На предната страна се наоѓа 6.4 инчен OLED панел со QHD+ резолуција. За разлика од другите компании кои се насочуваат на панел со што е можно помал notch, V50 доаѓа со истиот дизајн како неговиот претходник. Иако станува збор за поширок notch, оправдување е тоа што доаѓа со две селфи камери - една од 8 и друга од 5 мегапиксели.

The LG V50 is official: the company’s first 5G smartphone is ready to flex its muscles

Од друга страна, на задната страна не очекуваат неколку пријатни изненадувања. Повторно станува збор за три камери, но овој пат LG најде начин да ги смести во самиот уред, благодарение на што, задниот дел е целосно рамен. Главниот сензор е од 12 мегапиксели, придружен од секундарен сензор истотака од 12 мегапиксели и трета, 16 мегапикселна широкоаголна камера.

Како и повеќето премиум уреди во 2019 година, V50 доаѓа со Snapdragon 855, заедно со 6GB RAM и 128GB меморија. Батеријата е од импресивни 4,000 mAh.
Она што е навистина интересно е специјалниот дисплеј кој ќе биде достапен за V50. Маската со која доаѓа уредот има свој дисплеј кој работи заедно со самиот уред, снабдувајќи ги корисниците со уникатно искуство со два панели. Дисплејот може да се користи за посебни активности, или заедно со другиот екран за гејмање, гледање видеа и слично.
The LG V50 is official: the company’s first 5G smartphone is ready to flex its muscles

Сега за сега, цената и достапноста на LG V50 не се познати.

Еве како изгледа во однос на неговата конкуренција:

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Xiaomi Redmi Note 7 Pro: Помоќен, попремиум, но сеуште со ниска цена!
Снабдувачот на Apple, Corning развива свитливо стакло за смартфони
Huawei го потврди најзначајниот новитет на следниот флегшип модел
MWC 2019: 5 нови и уникатни производи на Huawei!
Ова е првиот телефон во светот без копчиња и без ниеден приклучок
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.