МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Авто
Porsche слави 50 години од 917 – со 917 Concept и целосно реставриран прв примерок на легендарниот 917 тркачки автомобил!

Porsche слави 50 години од 917 – со 917 Concept и целосно реставриран прв примерок на легендарниот 917 тркачки автомобил!

среда, 13 март 2019, 12:31ч.   |   L.E.

 Porsche оваа година слави значаен јубилеј – 50 години од најуспешниот тркачки болид кој некогаш го направиле. Токму затоа, претставија еден интересен концепт – 917 Concept – кој е визија за тоа како тркачкиот автомобил на иднината би можел да изгледа.

Дизајнерската студија на Porsche изгледа.. Спектакуларно. Porsche планира да го изложи концептот на својата Colours of Speed – 50 Years of the 917 изложба во Porsche музејот од 14ти Мај до 15ти Септември, каде ќе бидат прикажани вкупни 14 автомобили меѓу кои и 10 примероци на 917.

 

Според Porsche, концептот е „дизајниран од мал тим на дизајнери и инженери“, и неговата цел е да ја прослави првата победа на Porsche на Le Mans во 1970-тата година.

Како што веќе пишувавме, оваа година Porsche слави три јубилеи. Токму затоа, германскиот бренд претстави и целосно реставриран 917. Поточно, првиот 917 некогаш направен беше целосно реставриран и вратен во неговата оригинална состојба, во која за прв пат бил претставен на 12ти Март, 1969-та година, на саемот на Автомобили во Женева. Автомобилот има интересна историја – за прв пат бил претставен во бела и зелена комбинација на бои, за потоа да добие нови бои за шоуто во Франкфурт истата година, за потоа да ги добие Gulf боите. По победата на Porsche на Le Mans во 1970-тата година, автомобилот бил преработен да добие „кратка опашка“ во Септември истата година.

 

Во Октомври таа година, автомобилот бил предаден на Porsche Salzburg, каде ги добил боите и бројот (23) на тркачкиота втомобил кој победи на Le Mans таа година. Вреди да се напомене дека 917-001 никогаш не се тркал, туку се користел за тестирање на тркачките технологии и решенија на брендот на легендарниот Nurburgring, како и за претставување на 917 на разни саеми и настани.

Целиот процес на реставрација бил неверојатно тежок – но сепак, мора да им подадеме рака на техничарите на Porsche. Процесот започнал со детална анализа на целиот автомобил каде биле идентификувани материјалите на сите компоненти и било одлучено што сè може да биде задржано. Потоа, ги искористиле оригиналните дизајнерски цртежи, како и стари фотографии за да ја добијат вистинската насока. Конечно, искористиле супер-модерни технологии за да верно да ги репродуцираат предниот и задниот дел, но и дел од алуминиумската шасија морала да биде направена одново.

Сепак, вредело, нели?

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
ТОП 5 АВТОМОБИЛИ: Кои автомобили тpoшат нajмногу а кои нajмалку гopиво!
Збогум за три модели на Opel
Во интерес на корисниците: Facebook најави клучен редизајн на мобилната апликација
Со 400 коњски сили, новиот Голф ќе биде брутално моќен
VW со загуба од 3.000 евра ќе го продава I.D.
Еволуција место револуција за Nissan Juke II
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.