МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Можно решение за законот за јавно обвинителство прифатливо за сите
Рашковски: Република Северна Македонија на фасадата на Владата по изборите
За двајца технички експерти за следење комуникации се пријавиле седум луѓе
Катица Јанева и Ленче Ристоска на дневен ред на Советот на јавните обвинители
Македонија
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги покрива претседателските избори со 279 набљудувачи

ОБСЕ/ОДИХР ќе ги покрива претседателските избори со 279 набљудувачи

вторник, 12 март 2019, 16:12ч.   |   Xh.I.

ОБСЕ/ОДИХР ќе ги покрива претстојните претседателски избори со вкупно 279 набљудувачи, соопшти денеска на прес-конференција шефот на набљудувачката мисија Корин Јонкер.

Набљудувачката мисија, како што нагласи, ја сочинува главен тим од 11 експерти со седиште во Скопје и 18 долгорочни набљудувачи кои од 20 март ќе бидат распоредени во девет тима низ целата држава.

ОДИХР дополнително ќе побара од земјите членки на ОБСЕ да обезбедат 250 краткорочни набљудувачи кои ќе дојдат неколку дена пред изборите.

Јонкер истакна дека ќе го набљудуват изборниот процес според етаблираната методологија на ОБСЕ/ОДИХР.

-Ова е 18-ти миониторинг во земјата. Мисијата ќе мониторира не само денот на изборите туку и периодот пред, за време, и по денот на изборите, рече Јонкер.

Ќе го следат администрирањето на изборите, кампањите на кандидатите и нивното финансирање.

– Не сме заинтересира со резултатот, туку со квалитетот на изборниот процес и секој гласач, да гласа слободно и транспарентно, рече Јонкер.

Ќе имаат извештај ден пред изборите, прес-конференција и прелиминиран извештај по изборите, а конечниот извештај ќе го објават неколку месеци по изборниот процес, кој ќе содржи препораки до властите за областите на кои треба да се работи.
 

© ЖУРНАЛ    ~18,6

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Досие Силјановска Давкова: Од министер на Црвенковски до претседателски кандидат на Мицкоски
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.